Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Средба на министерката Јаневска со грчката амбасадорка Филипиду

Средба на министерката Јаневска со грчката амбасадорка Филипиду

 

Средба на министерката Јаневска со грчката амбасадорка Филипиду

 

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска оствари средба со амбасадорката на Република Грција, Софија Филипиду на која информираше за тековните промени во основното и средното образование во насока на обезбедување подобар квалитет на воспитно – образовниот процес.

Јаневска потенцираше дека на почетокот на годината министерството е фокусирано на реформа во средното гимназиско образование, за што веќе е подготвена и нацрт Концепција која треба да им понуди на идните средношколци современа настава, можност за избор на предметите, нови методи на учење и оценување и унапредување на вештините релевантни за 21-от век.

Соговорниците искажаа намери за продлабочување на соработката во периодот што следи, особено преку поврзување на високообразовните и научните установи.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar