Министерството за образование и наука информира дека средствата за ученички и студентски стипендии за три месеци од учебната, односно академската 2024/2025 година им се префрлени на постојните и на новите корисници.
Исплатата на стипендиите, отсега ќе се реализира редовно. Финансиската поддршка за учениците и студентите е исклучително важна, затоа што го олеснува процесот на образование и стимулира заложба за подобри резултати.
Министерството останува посветено на младите. Преку добра непосредна соработка, продолжуваме да ги подобруваме ученичкиот и студентскиот стандард.