Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Kонкурс за доделување на 2 стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации од Владата на Народна Република Кина

Kонкурс за доделување на 2 стипендии за додипломски (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации од Владата на Народна Република Кина

 

Владата на Народна Република Кина за учебната  2025/2026 година доделува  2 стипендии за  додипломски  (редовни), магистерски и докторски студии и специјализации,

 

Кандидатите потребно е да се пријават онлајн и да ги прикачат следните документи:

 

- Пријавен лист (пријавувањето е онлајн на www.campuschina.org, агенциски број 8071 пополнетиот формулар се доставува и во министерството).

- Фотокопија од патната исправа: Кандидатите треба да достават скенирана копија од патната исправа со важност подоцна од 1 март 2026 година,

- Фотокопии од свидетелствата за завршните години од средно образование (за редовни - додипломски  студии) преведени на англиски јазик или кинески јазик и заверени на нотар,

- Фотокопија од дипломата за завршено високо образование (за магистерски и докторски студии и специјализации) преведена на англиски јазик или кинески јазик и заверена на нотар,

- Фотокопија од уверението за положени испити (магистерски и докторски студии и специјализации) преведена на англиски јазик или кинески јазик и заверено на нотар,

Потврда за познавање на кинески јазик - HSK сертификат или англиски јазик (IELTS или TOEFL сертификат) - Апликантите за програми на кинески јазик мора да поднесат валиден HSK сертификат во согласност со соодветните барања за познавање на кинескиот јазик. Кандидатите за програми што се изучуваат на други јазици треба да обезбедат релевантни сертификати за познавање на јазикот во согласност со барањата на универзитетот  (IELTS или TOFEL сертификат),

- Документи за прием. Кандидатите за магистерски и докторски дипломи како и за редовни студии и специјализации треба да обезбедат документи за прием издадени од универзитетите. Документите за прием вклучуваат известување за прием, условно писмо за прифаќање  од избраниот универзитет, покана од професори.

- План за студиите (до 200 зборови за редовни студиидо 500 зборови за специјализации и до 800 зборови за магистерски и докторски студии),

- Две препораки од универзитетски професори на англиски или кинески јазик (магистерски и докторски студии и специјализации),

- Лекарско уверение  (Foreigner Physical Examination Form) се пополнува на англиски јазик и треба да ги содржи сите наведени испитувања, да има потпис од доктор, официјален печат од здравствената установа и прикачена фотографија од кандидатот и со важност од 6 месеци.

- Кандидатите кои се пријавуваат за студии во областа на уметноста или дизајн треба да ги прикачат сопствените дела на системот Example of Art/Other Supporting Documents.Кандидатите можат да ги испратат материјалите директно на друг начин до универзитетите.

- Уверение за неосудуваност да не биде постаро од шест месеци.

 

Краен рок за пријавување е 15.01.2025 година.

 

Кандидатите кои ќе се пријават онлајн за стипендии од Владата на Народна Република Кина, треба да достават копија од пријавниот лист (точка 1 од потребните документи) во архивата на Министерството за образование и наука до 15.01.2025 година.

 

Подетални информации може да се обезбедат и на тел: 02 3140 185/лице за контакт: Олга Дуковска-Атов, лице за контакт: Александар Тутновски,  како и на интернет страните http://www.campuschina.org или http//en.csc.edu.cn/studyinchina.

 

Прифатените кандидати, студиите ќе ги започнат од септември 2025 година.

 

Изборот на кандидатите  ќе го изврши Амбасадата на НР Кина во Скопје.

[ понеделник, 23 декември 2024 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar