Амбасадата на Словачката Република во Скопје известува за повик за апликации за стипендии во рамки на Словачката билатерална програма за соработка (Slovak Bilateral Scholarship Programme), за академската 2025/2026 година.
Македонската и словачката страна ќе разменуваат студенти во рамки на акредитирани студиски програми од прв, втор и трет циклус на високо образование, во вкупно времетраење од триесет (30) месеци годишно. Вкупната квота може да биде поделена на покуси периоди во времетраење од три (3) до десет (10) месеци по кандидат. Стипендијата не може да се додели за комплетен курс на студии што доведува до степен на високо образование. Познавањето на јазикот на земјата домаќин или друг јазик, прифатлив за избраната институција, ќе биде услов за оваа размена.
Словачката страна ќе обезбеди:
- бесплатно студирање;
- стипендија согласно законските прописи во земјата домаќин;
- сместување во студентски домови под исти услови како за своите граѓани.
Патните трошоци за повратен билет (со автобус) до и од местото на студирање ќе ги покрие Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија.
Детални информации и услови за стипендиите се објавени на веб страницата:
Во случај на прашања во врска со билатералните стипендии, можете директно да ја контактирате: Mgr. Martina Klofácová (martina.klofacova@minedu.sk) директор на Одделот за билатерална и мултилатерална соработка на Министерството за образование, наука, истражување и спорт на Република Словачка.
Апликациите испратени од индивидуални апликанти директно до Министерството за образование, наука, истражување и спорт на Република Словачка нема да бидат земени во предвид. Доколку не е наведено поинаку, престојот ќе се реализира не порано од 15 септември 2025 година и не подоцна од 30 август 2026 година. Министерството го задржува правото да го смени бараниот рок на стипендија и/или да прими било кој апликант на курс и/или високообразовна институција различна од наведената во неговата/нејзината апликација за стипендија, доколку приемот кој што е побаран од страна на апликантот не е изводлив.
Износот на месечната стипендија за академската 2025/2026 година изнесува:
- за студенти (ниво на диплома/магистер): 625 € /месечно;
- за докторанди: 1025,50 € /месечно.
- за универзитетски наставници или истражувачи: 1420 €/ месечно.
Постапка за аплицирање:
Апликацијата е прикачена на овој повик, а истата може да се преземе од: https://www.minedu.sk/scholarships-offered-within-the-framework-of-bilateral-programs-of-cooperation-for-20252026/
Печатената и потпишана верзија на апликацијата е задолжителна. Ве молиме, отпечатете ја пополнетата апликација, потпишете ја и еден оригинал и една копија заедно со целата придружна документација побарана на крајот од апликацијата доставете до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија, ул.„Св. Кирил и Методиј“ бр.54, 1000 Скопје.
Рок за пријавување:
Апликацијата и потребните документи во два примерока треба да бидат доставени до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија најдоцна до 20 март 2025 година.
Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија е одговорно за процесот на селекција на номинираните кандидати. Писмото за номинација (вклучително и списокот на номинирани кандидати) мора да се достави до Министерството за образование, наука, истражување и спорт на Република Словачка најдоцна до 1 април 2025 година. Конечната одлука на Министерството за образование, наука, истражување и спорт на Република Словачка ќе биде доставена до Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија до 28 јуни 2025 година.
Министерството за образование, наука, истражување и спорт на Република Словачка го задржува правото да донесе конечна одлука за апликациите.
Препораки за апликантите:
Апликацијата се пополнува на словачки јазик (алтернативно чешки) или на англиски јазик. Документите за поддршка како што се наведени и побарани на крајот од апликацијата, се доставуваат само на еден од тие јазици. Номинираниот кандидат ќе предложи 2 периоди на стипендија во апликацијата (еден префериран и еден алтернативен);
Во прилог на апликацијата треба да бидат доставени следниве документи:
· структурирана биографија,
· писмо за мотивација (наведувајќи ја личната и професионалната мотивација на апликантот за престој во Словачка),
· детален предлог на студиски, наставни или истражувачки програми,
· писмо за покана или писмо за прифаќање од институцијата домаќин (доколку е применливо),
· копија од пасошот во случај на студенти од трети земји,
· препорака (и):
o студенти (ниво на диплома/магистер): 2 препораки од универзитетски наставници на универзитетот кој го издал преписот од евиденцијата за студии,
o докторанди: 1 препорака од супервизорот на докторските тези,
o универзитетски наставници и истражувачи: 1 препорака од матичната институција (раководител на оддел, водач на истражувачка група итн.),
o во случај на студенти (ниво на диплома/магистер): препис од евиденцијата за досегашните студии во матичната институција,
o во случај на докторанди, универзитетски наставници и истражувачи: список на сопствени публикации поврзани со програмата за истражување на престојот,
o фотографија со големина 3,5 cm x 4 cm (фотографија во формат за пасош) прикачена на оригиналот и на копијата на апликацијата.
Јазикот за комуникација во словачките институции е словачки (алтернативно чешки) или англиски. Во случај апликантот да не го познава словачкиот (чешкиот) јазик на задоволително ниво, потребно е во
апликацијата да се наведе нивото на англиски јазик (и ако е можно да се обезбеди и официјална потврда за јазичните вештини/сертификат). Само ако во поканата/писмото за прифаќање на словачката институција домаќин е наведен јазик за комуникација различен од словачкиот или англискиот, престојот може да се организира на тој јазик (во таков случај потребно е да се наведе нивото на соодветниот јазик за комуникација на образецот за апликација и доколку е можно да се обезбеди и официјална потврда за јазични вештини/сертификат).
Апликацијата треба да биде потпишана од апликантот лично и апликантот мора да се согласи со обработка на лични податоци во сите случаи, во спротивно апликацијата нема да може да се прифати и обработи.
За проценка на јазичните вештини се применуваат следниве критериуми:
· нивото „основно“ во апликацијата се однесува на нивоата А1 - Б1 од Заедничката европска референтна рамка за јазиците,
· нивото „добро“ во апликацијата се однесува на нивоата Б2 од Заедничката европска референтна рамка за јазиците,
· нивото „одлично“ во апликацијата се однесува на нивоата C1 од Заедничката европска референтна рамка за јазиците,
· нивото „мајчин јазик“ во апликацијата се однесува на нивоата C2 од Заедничката европска референтна рамка за јазиците. http://europass.cedefop.europa.eu/resources/european-language-levels-cefr
Лице за контакт : Гоце Видановски, Сектор за наука и иновации, E-mail: goce.vidanovski@mon.gov.mk