Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јаневска: следуваат промени во високото образование, во 2025 година ќе има и ново законско решение

Јаневска: следуваат промени во високото образование, во 2025 година ќе има и ново законско решение

 

Јаневска: следуваат промени во високото образование, во 2025 година ќе има и ново законско решение

 

Оваа Влада ги увидува предизвиците во високото образование и сериозно се зафаќа да ги промени состојбите, за разлика од претходната која не направи буквално ништо добро, туку напротив дозволи девастација на целиот образовен систем, рече министерката за образование и наука на денешната собраниска седница на која пратениците поставуваат прашања до членовите на Владата.

 

„За жал, имаме студенти кои дипломираат со висок просек, а немаат познавања ниту за шестка. Поради нив, студентите кои ги стекнале дипломите со труд и имаат знаења, одлучуваат да си заминат и да работат во сериозни компании во странство“, рече Јаневска, додавајќи дека ова е суштинска причина за отпочнување на крупни промени во високото образование.

 

Следната година ќе биде усвоен нов Закон за високото образование кој ќе обезбеди повеќе и подобри можности за студентите и професорите, но и ќе ги подигне стандардите за квалитет што високообразовните установи ќе треба да ги следат.  

 

Јаневска посочи дека во деновиве на владиниот ЕНЕР систем ќе биде поставен и нов Закон за националната рамка на квалификации, кој денес беше усогласен со Секретаријатот за законодавство.

 

„Законот точно дефинира какви квалификации и способности треба да поседуваат и што можат да работат студентите со завршени тригодишни и со четиригодишни додипломски студии и тие воопшто не се дискриминирани ниту при вработување, ниту при остварување на други права. Ќе потсетам дека една од мерките која ја спроведовме по моето назначување за министерка е тоа што им овозможивме на студентите со завршени тригодишни додипломски студии, значи со 180 ЕКТС, да можат да аплицираат за стипендија за втор циклус на студии на домашните високообразовни установи, што порано не им било дозволено“, рече Јаневска.

 

Министерката изрази очекувања дека новото законско решение ќе биде усвоено во Собранието до крајот на тековната календарска година.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar