Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Повик за искажување на интерес

Повик за искажување на интерес

 

Врз основа на член 14-а став 3 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

 

Повик за искажување на интерес

за  учество во комисија за давање мислење по доставени предлози за исправки и/или дополнувања во текстот на учебникот, а истите не преставуваат повеќе од 30% од содржината на учебникот по предметот:

 

Англиски јазик за IV година, во средно четиригодишно образование.

 

1. Заинтересираните кандидати за учество во комисија за давање мислење по доставени предлози за исправки и/или дополнувања во текстот на учебникот, а истите не преставуваат повеќе од 30% од содржината на учебникот по горенаведениот предмет за   средно образование,  треба да ги исполнуваат следните услови:

да се наставници/соработници од факултети од областа на наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата)  или  

да се наставници од средно  образование за наставниот предмет за кој е наменет учебникот (најмалку 10 години работно искуство во наставата).

2. Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија), 

изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование;

потврда за работно искуство издадена од ПИОМ.

Пријавата може да се преземе од веб страната на Министерството за образование и наука, или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Св.Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 10.12.2024 година.

Некомплетните или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

[ понеделник, 25 ноември 2024 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar