Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јаневска од Штип: Едносменското работење во училиштата дава одлични резултати

Јаневска од Штип: Едносменското работење во училиштата дава одлични резултати

 

Јаневска од Штип: Едносменското работење во училиштата дава одлични резултати

 

Воведувањето на едносменското работење во училиштата дава одлични резултати. Во СОУ „Славчо Стојменски“ во Штип во првото тримесечје од годинава, споредено со истиот период лани, просечниот успех на учениците е значително подобрен, намален е бројот на оправдани и неоправдани изостаноци и не е изречена ниту една педагошка мерка кон ученик.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска при посетата на штипската гимназија, каде најави дека со средства на Министерството за образование и наука ќе се реконструира училишниот кров. 

- Со едносменското работење, се подобрува квалитетот на наставата, а концентрацијата на учениците е поголема. Досега едносменска настава е воведена во 140-тина основни и средни училишта, а ќе ги поддржиме општините да продолжат да создаваат услови и во другите училишни објекти, изјави Јаневска.

Покрај замената на кровот на СОУ „Славчо Стојменски“, во наредниот период со финансии обезбедени од локалната самоуправа ќе бидат заменети и дел од прозорците во училиштето, со што ќе се подобри енергетската ефикасност на објектот.  

- Буџетот на Министерството за образование и наука следната година ќе биде значително зголемен, а со тоа ќе се зголеми и поддршка на единиците на локалната самоуправа за обезбедување достоинствени услови за изведување на воспитно-образовниот процес во земјава, додаде министерката Јаневска. 

[ вторник, 19 ноември 2024 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar