УНЕСКО ги повикува земјите членки да поднесат предлози за одбележување на јубилеи на историски настани и еминентни личности во периодот 2026-2027 година, кои имаат универзално значење и придонеле во промоција на мирот, разбирањето и зближувањето на односите меѓу луѓето. За таа цел УНЕСКО би се вклучил во одбележувањето на јубилеите предложени од страна на државите – членки, со што би им се дало поголемо светско значење и признание.
Повеќе информации за критериумите за поднесувањето на предлози за јубилеј на личност/настан се достапни на следниот линк: https://unesdoc.unesco.org/ark:/48223/pf0000391504_eng.
Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија по добиените предлози, ќе изврши дефинитивна селекција на два предлога за јубилеи и истите ќе ги достави до УНЕСКО. Предност ќе се даде на предлози кои промовираат родова рамноправност.
Ве молиме вашите предлози да ги дадете преку пополнување на формуларот кој може да се симне тука , и истиот да го доставите во електронска форма до: tkraljevska@kultura.gov.mk најдоцна до 02 декември 2024 година.