Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / МОН подготви нов предлог Закон за учебници, јавноста да даде сугестии за усвојување на најдобрата верзија

МОН подготви нов предлог Закон за учебници, јавноста да даде сугестии за усвојување на најдобрата верзија

 

 

Министерството за образование и наука информира дека е изготвен нов предлог Закон за учебници во основното и средното образование, кој од денеска е поставен на владиниот ЕНЕР систем (Електронски национален регистер на прописи) и сите заинтересирани граѓани можат да дадат свој придонес во усвојувањето на најдобрата верзија што ќе биде проследена во собраниска процедура.

 

Во предлог законот се интегрирани сугестиите на издавачките куќи во Македонија со чии претставници, раководството на МОН и на Педагошката служба имаа конструктивна работна средба.

 

Новиот закон треба да обезбеди изработка на учебници со поквалитетна содржина, намалување на веројатноста за појава на грешки, какви што беа нотирани до неодамна и да ја поедностави постапката за набавка, со цел навремена испорака во училиштата.

Актуелното законско решение е на сила од 2008 година.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar