Во контекст на полското претседателство со Вишеградската група (В4), полското Министерство за образование организира два вебинари на кои се поканети и наставници, едукатори, службеници и образовни експерти од земјите од Западен Балкан.
Првиот вебинар за размена на добри практики за обезбедување квалитетно образование за сите ученици со мигрантско потекло, особено за децата бегалци од Украина, ќе се одржи на 19 ноември 2024 година, од 15 до 18 часот.
Вториот вебинар овозможува дискусија за предизвиците на технолошката трансформација на училишното образование и ќе се одржи на 28 јануари 2025 година во период од 15 до 18 часот.
Вебинарите ќе се одвиваат на англиски јазик, а учеството е бесплатно.
Линк за регистрација:
https://ore.edu.pl/2024/10/webinar-education-of-students-with-migrant-background/