Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јавен повик за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS мрежите за академската 2025/2026 година

Јавен повик за партиципација на високообразовните установи во CEEPUS мрежите за академската 2025/2026 година

 

 

                                                                                                             

Централноевропска програма за размена  во областа на  универзитетски студии

   (CEEPUS-Central European  Exchange Program for University Studies)  објавува:

 

 

 

Јавен повик

за партиципација на високообразовните установи

во CEEPUS мрежите за академската 2025/2026 година

 

 

Република Северна Македонија како потписник на Договорот помеѓу Република Албанија, Република Австрија, Република Бугарија, Босна и Херцеговина, Република Хрватска, Република Чешка, Република Унгарија, Црна Гора, Република Полска, Република Молдавија, Романија, Република Србија, Република Словачка, Република Словенија  и Косово за промовирање на соработката во полето на високото образование во рамките на Централноевропската програма за размена во областа на универзитетските студии (CEEPUS IV - Central European Exchange Program for University Studies), им овозможува на високообразовните институции да партиципираат, како координатори или партнери во универзитетските мрежи од различни области.

Согласно CEEPUS IV договорот има одредени промени, имено  CEEPUS мрежата треба да ја сочинуваат најмалку пет високообразовни установи од најмалку пет држави членки на CEEPUS програмата, при што еден член ја има улогата на координатор на мрежата. Координаторите и партнерите на мрежите можат да бидат високообразовни установи и нивните придружни членки.Од академската 2024/2025 година еден професор со наставно знаење  може да координира само една мрежа, додека бројот на мрежите во кој еден професор со наставно знаење  може да ја има улогата на контакт лице ограничен е на 4 (четири) академски мрежи.

Програмата има за цел да промовира мобилност на студенти и наставен кадар и соработка и развивање на заеднички програми што води до заеднички дипломи (Joint degree).

Единствен начин е online аплицирање на www.ceepus.info.

Поднесување на пријави за учество во ЦЕЕПУС мрежите

Пријавувањето за вмрежување е online на званичната платформа на Цеепус програмата на www.ceepus.info. За поднесување на пријавата задолжен е координатор на мрежата, додека установите учеснички имаат обврска да ја приложат побараната документација во рамки на електронската пријава. Побарани документи:

·        Letter of Endorsement- писмо поддршка со кое се потврдува дека студентите од другите партнерски установи во рамки на мрежата ќе бидат ослободени од трошоците за плакање на школарината Документот го потпишува ректорот на Универзитетот.

·        Letter of Intent- писмо со намери со кое се потврдува учеството во активностите во наведените мрежи. Покрај локалното контакт лице треба да го поштпише и раководното лице на високообразовната установа.

Координаторите на мрежите кои продолжуваат со актвивности и во

наредната академска година во системот ја бираат опцијата Prolong и го следат упатството за документацијата која треба повторно да ја приложат.

 

Крајниот рок за аплицирање е 30 ноември 2024 година .

 

За подетални информации обратете се во Националната CEEPUS канцеларија при Министерството за образование и наука, на контакт телефон    02/ 3140185 или на e-mail: olga.dukovska@mon.gov.mk.

 

Линк: Подетални информации за начинот на пријавување

 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar