Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ 96/19, 110/19 и 121/24), член 12-а од Закон за спортска академија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 115/14, 129/15, 146/15, 30/16, 142/16 и 64/18), а согласно Правилникот за начинот и посебните критериуми за доделување на месечна стипендија на ученици во спортска академија (“Службен весник на Република Македонија” бр.191/15 и 204/24), министерството за образование и наука распишува
КОНКУРС за доделување стипендии за ученици во ДСУ „Спортска академија“ за учебната 2024/2025 година
Министерството за образование и наука за учебната 2024/2025 година ќе додели стипендии за учениците запишани во ДСУ „Спортска академија“ во Република Северна Македонија.
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА Право на стипендија имаат учениците кои се запишани во ДСУ „Спортска академија“ во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови: 1. Да се редовни ученици во Спортската академија од II, III и IV година; 2. Во текот на претходната учебна година да имаат постигнато најмалку општ успех многу добар 4,00 (четири) и одличен успех 5 (пет) од изборниот предмет тренинг од избраниот спорт на крајот на учебната година; 3. Да не повторувале година во текот на образованието; 4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми; 5. Да се државјани на Република Северна Македонија.
II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на https://e-uslugi.mon.gov.mk од 04.10.2024 до 21.10.2024 година.
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ Потребни документи кои се прикачуваат со електронската пријава: 1. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2024/2025 година издадена од ДСУ „Спортска академија“; 2. Свидетелствата за завршена предходна година на образование; 3. Изјава потпишана од родител/старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија (објавена на сајтот mon.gov.mk) и 4. Изјава од родителот/старателот за обработка и користење на неговите лични податоци и личните податоци на ученикот, со која ученикот се согласува (објавена на сајтот mon.gov.mk) 5. Копија од лична трансакциска сметка.
Министерството за образование и наука по службен пат го прибавува уверението за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА Висината на стипендијата ќе изнесува 3500 денари месечно за девет месеци во текот на учебната година. Списокот со учениците кои ќе се стекнат со правото на стипендија ќе бидe објавен најдоцна до 20.11.2024 година на сајтот mon.gov.mk и во ДСУ „Спортска академија“. Сите кандидати ќе добијат решенија во врска со статусот на поднесените апликации на своите електронски профили на http://e-uslugi.mon.gov.mk .
Министерство за образование и наука
|
Конкурс за доделување стипендии за ученици во ДСУ „Спортска академија“ за учебната 2024/2025 година
[ петок, 04 октомври 2024 ] [ 0 ]