Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 180/24), и Решението за распишување Конкурс за доделување 180 (сто и осумдесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025, бр.19-10118/1 од 27.09.2024 година Министерството за образование и наука распишува
К О Н К У Р С
за доделување 180 (сто и осумдесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година
Министерството за образование и наука за учебната 2024/2025 година ќе додели 180 (сто и осумдесет) стипендии за ученици со посебни потреби од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат ученици кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:
1. да се редовни ученици од I година, кои во текот на основното образование постигнале најмалку добар успех;
2. да се редовни ученици од II, III и IV година, кои во текот на средното образование постигнале најмалку добар успех;
3. да имаат наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилникот за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот или телесниот развој;
4. да не повторувале година во текот на образованието;
5. да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
6. да се државјани на Република Северна Македонија.
Критериум за доделување на стипендиите е остварениот успех. Доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година.
II. НАЧИН, МЕСТО И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ
Ученици кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 01.10.2024 до 15.10.2024 година.
Потребните документи за доставување се следните:
1. Потврда дека кандидатот е редовен ученик во учебната 2024/2025 година;
2. Свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (да се прикачуваат оригинални Свидетелства)
3. Наод и мислење за видот и степенот на попреченоста во физичкиот или психичкиот развој и специфичните потреби издадена од надлежна установа, а согласно Правилник за оцена на видот и степенот на попреченост на лицата во менталниот или телесниот развој;
4. Изјава потпишана од родител- старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на веб страната на министерството;
7. Трансакциска сметка на име на ученикот;
Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и доколку не е доставена преку http://e-uslugi.mon.gov.mk.
Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на http://e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Новости“ најдоцна до 21.11.2024 година, а сите кандидати ќе добијат решенија во врска со статусот на поднесените апликации на своите електронски профили на http://e-uslugi.mon.gov.mk .
IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци за времетраењето на учебната 2024/2025 година.