Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 180/24) и Решението за распишување Конкурс за доделување 1500 (илјада и петстотини) стипендии за ученици кои се запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование (ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ) во јавните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година бр. 19-10128/1 од 27.09.2024 година, министерката за образование и наука распишува
К О Н К У Р С
за доделување 1500 (илјада и петстотини) стипендии за ученици кои се запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование (ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ) за учебната 2024/2025 година
Министерството за образование и наука ќе додели 1500 (илјада и петстотини) стипендии за ученици кои се запишани во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование (ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ) од јавните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година, и тоа на следен начин:
- 50 стипендии за ученици од Дуални паралелки во Шумарско - дрвопреработувачка струка
- 110 стипендии за ученици од Дуални паралелки во Хемиско - технолошка струка
- 90 стипендии за ученици од Дуални паралелки во Угостителско - туристичка струка
- 80 стипендии за ученици од Дуални паралелки во Текстилно – кожарска струка
- 50 стипендии за ученици од Дуални паралелки во Сообраќајна струка
- 250 стипендии за ученици од Дуални паралелки во Машинска струка
- 80 стипендии за ученици од Дуални паралелки во Лични услуги
- 150 стипендии за ученици од Дуални паралелки во Земјоделска – ветеринарна струка
- 160 стипендии за ученици од Дуални паралелки во Здравствена струка
- 200 стипендии за ученици од Дуални паралелки во Електротехничка струка
- 180 стипендии за ученици од Дуални паралелки во Економско – правна и трговска струка
- 10 стипендии за ученици од Дуални паралелки во Графичка струка
- 70 стипендии за ученици од Дуални паралелки во Градежно – геодетска струка
- 20 стипендии за ученици од Дуални паралелки во Геолошко, рударска – металуршка струка
I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА
Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и ги исполнуваат следните услови:
1. Да се редовни ученици од средно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование во Република Северна Македонија (ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ);
2. Да имаат постигнато минимум континуиран успех од 3.00 во досегашното образование;
3. Да не повторувале година во текот на образованието;
4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;
5. Да се државјани на Република Северна Македонија.
Критериум за доделување на стипендиите e постигнат успех.
II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ
Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 01.10.2024 до 15.10.2024 година.
Потребните документи за доставување се следните:
1.Потврда дека кандидатот е редовен ученик во учебната 2024/2025 година; (во потврдата да биде наведено дека ученикот посетува настава во дуална паралелка);
2. Свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (да се прикачуваат оригинални Свидетелства)
6. Трансакциска сметка на име на ученикот;
Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:
- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.
Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и доколку не е доставена преку http://e-uslugi.mon.gov.mk.
Доколку за некои струки не се пополни утврдената квота со соодветни кандидати, тогаш Комисијата има право преостанатите квоти да ги додели на други струки каде имало поголем интерес на соодветни кандидати, рангирајќи ги по успех. Така што, слободните квоти ќе ги додели на кандидатите со највисок успех и повисока година кои не успеале да влезат во квотите од нивната струка.
Доколку од вкупниот број на пристигнати апликации постои родов јаз, односно од вкупно пријавените кандидати бројот на женски кандидатки е помал од 40%, во финалното бодување на женските кандидатки кои исполнуваат услови ќе им се даде дополнителен бод.
Доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година.
Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на http://e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Новости“ најдоцна до 02.12.2024 година, а сите кандидати ќе добијат решенија во врска со статусот на поднесените апликации на своите електронски профили на http://e-uslugi.mon.gov.mk .
IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА
Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци во годината за времетраењето на учебната 2024/2025 година.