Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за доделување 220 (двесте и дваесет) стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година (ТРИГОДИШНО ОБРАЗОВАНИЕ)

Конкурс за доделување 220 (двесте и дваесет) стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година (ТРИГОДИШНО ОБРАЗОВАНИЕ)

 

Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 180/2024) и Решението за распишување Конкурс за доделување 220 (двесте и дваесет) стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година бр. 19-10125/1 од 27.09.2024 година, министерството за образование и наука распишува

 

К О Н К У Р С

за доделување 220 (двесте и дваесет) стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година (ТРИГОДИШНО ОБРАЗОВАНИЕ)

 

Министерството за образование и наука ќе додели 220 (двесте и дваесет) стипендии за ученици кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година.

 

 I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат учениците кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и ги исполнуваат следните услови:

1- Да се редовни ученици од средно образование кои реализираат наставни планови и програми за стручно оспособување и стручно образование од тригодишно траење во јавните и средните училишта во Република Северна Македонија;

2- Да имаат постигнато минимум континуиран успех од 3.00 во досегашното образование;

3- Да не повторувале година во текот на образованието;

4- Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми; 

5- Да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Критериум за доделување на стипендиите e постигнат успех.

 

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 01.10.2024 до 15.10.2024 година.

 

Потребни документи кои се потребни за прикачување на апликацијата се следните:

1. Потврда дека кандидатот е редовен ученик во учебната 2024/2025 година (во потврдата да биде наведено дека ученикот посетува настава со тригодишно траење на образованието);

2. Свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (да се прикачуваат оригинални Свидетелства)

3.Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет страницата на Министерството;

4.Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити, објавена на интернет страницата на Министерството;

5. Изјава за користење на лични податоци потпишана со цело име и презиме од родител-старател, објавена во прилог на Конкурсот;;

6.Трансакциска сметка на име на ученикот.

 

Министерството за образование и наука по службен пат ќе го обезбеди следниот документ:

- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

Доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година.

 

Доколку од вкупниот број на пристигнати апликации постои родов јаз, односно од вкупно пријавените кандидати бројот на женски кандидатки е помал од 40%, во финалното бодување на женските кандидатки кои исполнуваат услови ќе им се даде дополнителен бод.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и доколку не е доставена преку http://e-uslugi.mon.gov.mk.

 

Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на http://e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Новости“ најдоцна до 21.11.2024 година, а сите кандидати ќе добијат решенија во врска со статусот на поднесените апликации на своите електронски профили на http://e-uslugi.mon.gov.mk . 

 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци во годината за времетраењето на учебната 2024/2025 година.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar