Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици од средното образование (освен за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите) од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година

Конкурс за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици од средното образование (освен за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите) од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година

 

Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 180/24) и Решението за распишување Конкурс за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици од средното образование освен за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година бр. 19-10129/1 од 27.09.2024 година, министерството за образование и наука распишува

 

К О Н К У Р С

за доделување 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици од средното образование (освен за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите) од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2024/2025 година

 

Министерството за образование и наука за учебната 2024/2025 година ќе додели 150 (сто и педесет) стипендии за талентирани ученици од средното образование освен за талентирани ученици од средното образование од областа на уметностите од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

 

I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

1. Да се редовни ученици од I, II, III и IV година, кои во текот на претходната учебна година освоиле награда-диплома за поединечно/групно освоено I, II или III место на меѓународен натпревар или на државен натпревар по предмет односно струка (област) што ги изучувале согласно наставниот план и соодветните наставни програми;

2. Да постигнале континуиран одличен успех во досегашното образование;

3. Да не повторувале година во текот на образованието;

4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

5. Да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Критериум за доделување на стипендиите се освоена поединечна/групна награда/диплома на меѓународни или државни натпревари.

 

За критериумот освоена награда и диплома во поединечна/групна категорија на меѓународни или државни натпревари за ученици од I, II, III и IV година, за освоено I (прво), II (второ) или III (трето) место/награда на меѓународен или државен натпревар по предмет односно струка (област) што ученикот ги изучувал согласно наставниот план и соодветните наставни програми, максималните бодови се утврдуваат на следниот начин и тоа:

 

I (прво) освоено место/награда/медал на меѓународен натпревар се вреднува со 10 бодови,

II (второ) освоено место/награда/медал на меѓународен натпревар се вреднува со 8 бодови,

III (трето) освоено место/награда/медал на меѓународен натпревар се вреднува со 6 бодови,

 

 I (прво) освоено место на државен натпревар со 9 бодови,

 I (прва) освоена награда на државен натпревар со 8 бодови,

 

II (второ) освоено место на државен натпревар со 7 бодови,

II (втора) освоена награда на државен натпревар со 6 бодови,

 

III (трето) освоено место на државен натпревар со 5 бодови,

III (трета) освоена награда на државен натпревар со 4 бодови.

 

Секое освоено место/награда во поединечна категорија на меѓународни натпревари, се вреднува со дополнителни 2 бода, секое освоено место во поединечна категорија на државни натпревари со дополнителни 2 бода, а секоја награда во поединечна категорија на државни натпревари со дополнителен 1 бод.

 

Секое освоено место/награда во групна/екипна категорија на меѓународни натпревари, се вреднува со дополнителен 1 бод, секое освоено место во поединечна категорија на државни натпревари со дополнителен 1 бод, а секоја награда во поединечна категорија на државни натпревари со дополнителен 0.5 бод.

 

На пример, ученикот кој освоил прво место на државен натпревар, трето место на меѓународен натпревар и втора награда на државен натпревар, се стекнува со 23,5 бодови (9 бодови за освоено прво место на државен натпревар + 6 бодови за освоено трето место на меѓународен натпревар + 6 бодови за освоена втора награда на државен натпревар). Дополнително ученикот се здобива со + 2,5 бодови (1 за освоено место на државен натпревар, 1 за освоено место/награда/медал на меѓународен натпревар и 0.5 за освоена награда на државен натпревар).

 

Наградите-дипломите каде што нема прецизно утврдено освоено место, односно награди-дипломи и пофалници за учество на натпревари без освоено место, наградите-дипломите кои се освоени пред последната учебна година нема да се земат во предвид.

 

За награди освоени на државно ниво ќе се признаваат само награди доделени од акредитирани здруженија на наставници од страна на Министерството за образование и наука кои организираат натпревари на ученици.

 

Под меѓународен натпревар се подразбира меѓусебен натпревар меѓу ученици од најмалку десет различни држави.

 

II. НАЧИН И РОК ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ

 

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk, од 01.10.2024 до 15.10.2024 година.

 

Потребните документи за доставување се следните:

1.      Потврда дека кандидатот е редовен ученик во учебната 2024/2025 година;

2.     Свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (да се прикачат скенирани оригинални свидетелства)

3.     Дипломи за освоени награди на државни и/или меѓународни натпревари; (да се прикачат скенирани оригинални награди/дипломи)

4.     Доказ за меѓународниот карактер на натпреварот (се подразбира меѓусебен натпревар меѓу ученици од најмалку десет различни држави).

5.     Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија, објавена на интернет порталот на министерството;

6.     Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити, објавена на интернет порталот на министерството;

7.     Изјава за користење на лични податоци потпишана со цело име и презиме од родител-старател, објавена на интернет порталот на министерството;

8.     Трансакциска сметка на име на ученикот;

 

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Северна Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:

-уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

Доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година и освоени награди во струката за која се школува ученикот.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако доставената документација е некомплетна и доколку не е доставена преку http://e-uslugi.mon.gov.mk. ж

Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на http://e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Новости“ најдоцна до 21.11.2024 година, а сите кандидати ќе добијат решенија во врска со статусот на поднесените апликации на своите електронски профили на http://e-uslugi.mon.gov.mk .  

 

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци за времетраењето на учебната 2024/2025 година.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar