Министерство за образование и наука

  / Стипендии / Можност за номинација на македонски претставници за учество во програмата, „SDGS Global Leaderjfy 2025“ во Jапонија, за 2025 година

Можност за номинација на македонски претставници за учество во програмата, „SDGS Global Leaderjfy 2025“ во Jапонија, за 2025 година

 

 

Министерството за образование и наука информира за можноста државни службеници/потенцијални академици/кадар од кој се очекува да придонесе во формулирањето или спроведувањето на политиката за постигнување на целите за одржлив развој, да земат учество во програмата за постдипломски и докторски студии организирана од Јапонската агенција за меѓународна соработка ( JICA), со наслов „SDGs Global LeaderJFY2025“ во Јапонија за 2025 година.

 

Програмата вклучува наставни програми за јапонското развојно искуство и практична работа, со цел да се збогати академското и професионалното искуство на учесниците. Учесниците ќе можат да истражуваат на теми како што се администрација, јавна политика,финансии,управување со јавните финансии, меѓународна политика, дипломатија, регионално истражување,бизнис, меѓународна трговија/инвестиции и др.

 

За дополнителни информации можете да се обратите на следните контакти: Софче Крстиќ, тел. 070/409 -525 и Наталија Филиповска, тел. 070/409-528 каде можете електронски да ги добиете формуларите за пријавување.

 

Стипендии

Back to top
Close Offcanvas Sidebar