Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јаневска: со нов закон ќе се зајакнат критериумите за напредување во наставно – научни звања на универзитетите

Јаневска: со нов закон ќе се зајакнат критериумите за напредување во наставно – научни звања на универзитетите

 

Јаневска: со нов закон ќе се зајакнат критериумите за напредување во наставно – научни звања на универзитетите

 

Условите за напредување во наставно – научни звања на македонските универзитети ќе се зајакнат со новиот Закон со високо образование кој е во фаза на изработка. Од наставниот кадар повторно ќе се бара да објавува трудови во списанија со импакт фактор, а тоа пак, е еден критериумите кои се вреднуваат при рангирањето на универзитетите на Шангајската листа, истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска во емисијата Анализа на ТВ 24.

 

„Откако по шарената револуција се промени Владата, беше донесен закон кој драстично ги намали критериумите за напредување во наставно - научни звања и веднаш се почувствува и намалување на интензитетот на научно – истражувачката работа. Се намали бројот на трудови кои се објавуваа во списанија со импакт фактор и меѓудргото, и тоа придонесе за пад на УКИМ и другите универзитети на Шангајската ранг листа“, рече Јаневска, посочувајќи дека е во честа комуникација и има поддршка од универзитетските раководства да се зајакнат критериумите за напредување во звања.

 

Јаневска информираше дека средствата за образование и наука етапно ќе се зголемуваат, а тоа ќе значи и поголема поддршка за организирање и учество на меѓународни научни конференции, за изработка на научни проекти и слично. 

 

Упати апел до универзитетите да бидат проактивни во наоѓањето на партнерски образовни установи за изработка на проекти и искористување на бенефитите кои ги нуди мрежата на европски универзитети. 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar