Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Аплицирањето за YES програмата трае до 24 октомври

Аплицирањето за YES програмата трае до 24 октомври

 

Сите ученици запишани во прва и втора година во средно училиште можат да аплицираат за YES програмата, која се спроведува со поддршка на Министерството за образование и наука.

Оваа програма е основана од страна на американскиот Конгрес во октомври 2002 година како одговор на настаните од 11 септември. YES (Kennedy-Lugar Youth Exchange and Study) програмата им помага на учениците да негуваат трајни лични врски, да се вклучат во активности што промовираат заемно разбирање помеѓу културите, почитување на различностите, воспоставување лидерски вештини и разбирање на граѓанското општество. Во исто време, учениците на YES им помагаат на американските соученици да го подобрат своето разбирање за различни држави и култури.

Апликацијата се пополнува електронски и е достапна на следнава веб страница: https://ais.americancouncils.org/cgi-in/WebObjects/AIR.woa/wa/login?brand=yes

Процесот на селекција е составен од три фази и се одвива во периодот од септември до декември 2024. Конечни резултати ќе има најдоцна во април 2025 година, а избраните финалисти од конкурсот ќе заминат за САД во учебната 2025-2026 година. Тие ќе живеат со американско семејство и ќе посетуваат настава во американско средно училиште. Учеството во програмата за учениците е бесплатно, бидејќи финалистите добиваат стипендија од Стејт департментот. Учениците со попреченост исто така се квалификуваат за учество во YES програмата.

YES програмата започна во Северна Македонија во 2009 година со надеж да се зголеми комуникацијата помеѓу граѓаните на двете држави со цел да се промовира заемно разбирање и почит. Оттогаш, секоја година до 20 македонски ученици на годишно ниво успешно ја завршуваат YES програмата и сега се членови на активната алумни заедница.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar