Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

 

Јаневска се сретна со романската амбасадорка Адела Моника Аксинте

 

 

За продлабочување на соработката во областа на образованието и науката помеѓу Македонија и Романија преку нови заеднички иницијативи за поврзување на образовни установи, размена на ученици, студенти и наставно  - научен кадар, денеска разговараа министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска и романската амбасадорка Адела Моника Аксинте.

 

Јаневска и Аксинте особено се осврнаа на можностите во иднина да се доделуваат стипендии за изучување на македонскиот и на романскиот јазик, литература, култура и цивилизација на Универзитетот во Букурешт, односно на Лекторатот за романски јазик при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

 

Изразувајќи благодарност до амбасадорката за заложбите за понатамошен развој на добрите билатерални односи, министерката Јаневска укажа дека соработката со Романија е од национален интерес и очекува исполнување на одредбите од протоколот за соработка кој двете држави го потпишаа во 2023 година.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar