Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јаневска: ангажираме над 1000 образовни асистенти во основните училишта

Јаневска: ангажираме над 1000 образовни асистенти во основните училишта

 

Јаневска: ангажираме над 1000 образовни асистенти во основните училишта

 

Ниту едно дете – ученик не смее да остане дома. Сите ученици со попреченост мора да бидат примени во училиштата. Имаме наставници, инклузивни тимови и стручни служби и истите треба да бидат подготвени да ги примат децата, одговори министерката за образование и наука Весна Јаневска на новинарско прашање околу ангажирањето на образовни асистенти во основните училишта.  

- Децата со попреченост имаат и ќе имаат асистенти. Досега се обезбедени 815 образовни асистенти, за останатите 200 асистенти се чекаше на ребалансот на буџетот, за да се обезбедат средства. Министерството за образование и наука ја заврши својата задача, а конкурсите за ангажирање на асистентите е обврска на училиштата со ресурсни центри и нивна задача е да планираат кога да го распишат и објават конкурсот. Зошто поставуваме директори на училишта, ако не си ги знаат своите основни обврски, додаде Јаневска.

Таа напомена дека во тек е потпишувањето на договорите за ангажирање на 815 образовни асистенти, додавајќи дека конкурсот за дополнителните 200 образовни асистенти е отворен за пријавување.

- Годинава бројот на образовни асистенти е значително поголем за разлика од претходните години. Ако има потреба, зависно од барањата на родителите, следната учебна година ќе ангажираме уште поголем број, истакна министерката за образование и наука. 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar