Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Се доделуваат 20 стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии во Солун

Се доделуваат 20 стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии во Солун

 

Се доделуваат 20 стипендии „Борис Трајковски“ за постдипломски студии во Солун

 

 

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс  за доделување на 20 стипендии „Борис Трајковски“, за студии од втор циклус за пан-европската извршна МБА програма со двојна диплома од Универзитетот Јорк и Универзитетот во Стразбур, која се реализира во Солун, Република Грција.

 

Стипендиите се доделуваат под покривителство на Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија и се однесуваат за академската 2024/2025 година, за следните насоки: општ менаџмент;  маркетинг; финансии; менаџмент во логистика; менаџмент во здравство и менаџмент на човечки ресурси.

 

Вредноста на една стипендија е 14.890 евра и ги покрива трошоците за уписнина. Половина од средствата, односно 7.445 евра ги обезбедува македонската Влада преку Министерството за образование и наука, а останатата половина Сити Колеџ – Европски кампус на Универзитетот Јорк. Патните трошоци, сместувањето и другите дневни трошоци се на товар на кандидатот.

 

Сите дополнителни информации за условите, критериумите и потребните документи за аплицирање можат да се најдат во конкурсот кој е објавен на следниот линк. Крајниот рок за аплицирање е 13 септември 2024 година.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar