Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јаневска: Едносменското работење не значи осум часа постојано учење и следење на настава

Јаневска: Едносменското работење не значи осум часа постојано учење и следење на настава

 

Јаневска: Едносменското работење не значи осум часа постојано учење и следење на настава

 

Голем е бенефитот од едносменското работење. Првото е за децата наутро да учат,а второ, се покажало во поразвиените земји дека подолгиот престој на децата во училиште дава подобри резултати во образованието.

Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска, при посетата на Општина Охрид.

- Кога велиме едносменски, тоа значи учениците да бидат на училиште осум часа, но, тоа не значи дека тие ќе учат постојано осум часа над книга или ќе имаат предавања, туку напротив ќе го добијат подучувањето, ќе ги завршат домашните задачи, ќе учат, ќе имаат дополнителни наставни активности, додатна и дополнителна настава, секции, ќе имаат воннаставни активности, повеќе физичко, повеќе информатика, техничко образование, она што модерното време го бара како образование, изјави Јаневска.

Министерката напомена дека тоа е многу важно за нас бидејќи ќе бидат ангажирани и повеќе наставници, затоа што тие што го исполните наставниот фонд веќе ја заработиле платата, но има наставници кои немаат полн фонд на часови и тие ќе бидат  вклучни во овие активности.

- И тука нудиме едно решение за наставниците, а наставникот никогаш не е вишок, зошто со вишок наставници, ние имаме лошо образование. Сакаме да го преорганизираме процесот, да го искористиме искуството и знаењето на наставниците за да добиеме подобар резултат кај учениците. Ова функционира во високо развиените земји, особено во оние кои се многу високо на тестирањата и зошто да не го примениме таму каде што можеме и ние, рече Јаневска.

Процесот на мапирање на училиштата, додаде министерката, во кои има услови за изведување на едносменска настава е во тек и од досегашните согледување можеме да заклучиме дека во внатрешноста на државата има поголеми можности за воведување на едносменска настава и таму каде што има, веднаш ќе се почне.

- Голем проблем е Скопје, односно одредени општини во Град Скопје, каде што има многу ученици, се учи во две смени, а дури имаме и училишта каде што се учи во три смени, но тука ќе доградуваме и градиме, напомена министерката за образование и наука. 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar