Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Средба на министерката Јаневска со францускиот амбасадор Бомгартнер

Средба на министерката Јаневска со францускиот амбасадор Бомгартнер

 

Средба на министерката Јаневска со францускиот амбасадор Бомгартнер

 

Министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денеска оствари средба со амбасадорот на Франција, Н.Е. Сирил Бомгартнер, на која беше истакната досегашната одлична соработка помеѓу двете земји во областа на образованието.

 

Министерката Јаневска, изрази благодарност до француската Влада и народ за поддршката која ја добива земјава во процесот на интеграција во Европската Унија, напоменувајќи дека Франција е важен сојузник во приближувањето кон европските образовни вредности.

 

Јаневска на средбата информираше за промените во основното и средното образование, со ревизија на Концепцијата за основното образование, како и за процесот на изготвување на Законот за средно образование и Законот за средно стручно образование, како и за чекорите кои Владата ќе ги преземе за унапредување на воспитно-образовниот процес во земја.

 

На средбата се говореше и за изучувањето на францускиот јазик на сите нивоа на образованието и можностите за поголема негова популаризација. Соговорниците изразија очекувања дека досегашната соработка насочена кон унапредувањето и интензивирањето на образовните практики ќе продолжи и во иднина.  

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar