Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Известување за запирање на постапката по Конкурсот за издавање на учебници во деветгодишно основно образование број 26-592/1 од 09.04.2024 година

Известување за запирање на постапката по Конкурсот за издавање на учебници во деветгодишно основно образование број 26-592/1 од 09.04.2024 година

 

Известување за запирање на постапката по Конкурсот за издавање на учебници во деветгодишно основно образование број 26-592/1 од 09.04.2024 година

 

Конкурсот за издавање на учебници во деветгодишно основно образование број 26-592/1 од 09.04.2024 година се запира.

Конкурсот за издавање на учебници во деветгодишното основно образование број 26-592/1 од 09.04.2024 година се запира согласно заклучокот број 41-5757/2 од седницата на Владата на Република Северна Македонија одржана на 05.07.2024 година и од причини што следат изменувања и дополнувања на Концепцијата за основно образование, во насока на соодветно изучување на научните дисциплини историја, географија, биологија, хемија и физика како посебни наставни предмети, а кои сега овие научни дисциплини се изучуваат интегрирано во наставните предмети „Историја и општество“ и „Природни науки“ (од шесто до деветто одделение). Истото е со цел учениците потребните знаења, вештини и ставови од овие наставни предмети да ги стекнуваат согласно националните стандарди на крајот од основното образование, како и да се обезбеди меѓународна споредливост на постигањата на учениците на определена возраст во основното образование.

Воедно се известува авторот/ авторите кои имаат доставено ракопис во архивата на Педагошката служба, заклучно со 08.07.2024 година, дека истиот може/можат да го/ги подигне/подигнат од Педагошката служба најдоцна во рок од 15 дена од денот на оваа објава.

Овој начин на објава се смета за уредна достава до странките и негативните последици кои можат да настанат, ги сноси самата странка.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar