Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Известување за стипендии на државните универзитети во Република Бугарија за академската 2024/2025 година

Известување за стипендии на државните универзитети во Република Бугарија за академската 2024/2025 година

 

Согласно Програмата за соработка на полето на образованието и науката Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Бугарија потпишана на 22.03.2022 година, амбасадата на Република Бугарија во Скопје известува за можноста за добивање на стипендии за граѓаните од Република Северна Македонија на државните универзитети во Република Бугарија, како што следи:

-        4 (четири) стипендии за редовни додипломски или магистерски студии на државните универзитети, со исклучок на студиите по медицина, уметности и спорт;

-        5 (пет) стипендии за делумни, едно семестрални додипломски или магистерски студии, со исклучок на студиите по медицина, уметности и спорт;

-        стипендии до вкупно 27 месеци за магистерски обуки/специјализации со поединечно траење од 2 до 9 месеци;

-        3 (три) стипендии за докторски студии.

 

Бугарската страна на добитниците на стипендија ќе им обезбеди:

-        Месечна стипендија во износ определен според законската регулатива на земјата домаќин;

-        Право за користење на студентските мензи и студентските домови под исти услови како за домашните студенти, како и здравствено осигурување за времетраење на студиите;

-        Школарина за студентите и за докторантите.

Услови за кандидатите

1. Да се ??македонски државјани;

2. Да имаат положено државна матура;

3. Да ги имаат просечен успех од најмалку 4,50 (за кандидатите за додипломски студии) и просечен успех од најмалку 8,50 за останатите кандидати;

4. Да имааат нострификација на диплома доколку студиите ги имаат завршено во странство со остварен еквивалентен успех како што е наведено во точка 3;

5.  Кандидатите за магистерски студии, да не се постари од 30 години на денот на поднесување на апликацијата;

6. Кандидатите за докторски студии, да не се постари од 35 години на денот на поднесување на апликацијата;

7. Кандидатите за докторски студии и кандидатите за магистерски обуки/специјализации да имаат воспоставено контакт со институцијата домаќин во врска со можноста за студирање;

8. Да не се корисници на друга стипендија.

 

Кандидатите од Република Северна Македонија ќе ги најдат потребните информации за   бугарските високообразовни институции на следната интернет страница: https://rvu.nacid.bg

Рејтинг системот на бугарските високообразовни институции може да се најде на следната интернет страница: https://rsvu.mon.bg

Потоа кандидатите треба да го изберат факултетот и научните области кои сакаат да ги студираат и правилно да ги пополнат и поднесат следниве документи :

Задолжителна документација:

-        формулар за апликација (формулар);

-        копија од завршено средно образование;

-        потврда за положен матурски испит;

-        копија од универзитетската диплома;

-        уверение за положени испити до датумот на аплицирање, евиденција за напредокот во нивните студии; потврда за одобрение од матичната институција за едносеместралниот престој во институцијата домаќин (за студенти кои аплицираат за делумни студии);

-        кандидатите за докторски студии и магистерски обуки/специјализации да достават копија од остварениот контакт со институцијата домаќин во врска со можноста за студирање во посакуваната област;

-        здравствен сертификат;

-        две фотографии (големина за пасош);

-        доказ за државјанство;

-        изјава дека  кандидатот дека не е корисник на друга стипендија;(изјава)

-        изјава од кандидатот дека се согласува Министерството за образование и наука да ги користи и обработува неговите лични податоци во врска со учеството на повикот за стипендии;(изјава)

 

             Изјава на кандидатот дека: (изјава)

 

 (а) е информиран за прелиминарната природа на изборот од страна на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија,  дека  страната домаќин има право да постави дополнителни услови и дека конечната одлука во доделувањето на стипендии е на страната домаќин;

 (б) сам ќе обезбеди трошоци за патување, пасош, трошоци за личен багаж и осигурување;

 в) по враќањето, до одделението за меѓународна соработка на Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија ќе достави краток извештај за остварената студиската програма и условите за престој во државата домаќин.

 

Кандидатите кои задолжителната документација ја достават некомплетно и ненавремено нема да бидат разгледувани.

Доколку кандидатите достават дел од доленаведената документација ќе имаат предност при прелиминарниот избор за стипендија доделена од бугарската страна.

 

-        кандидатот може да достави документ за освоено прво, второ или трето место на национален или меѓународен натпревар (од акредитирани здруженија на наставници за организирање на натпревари на ученици во средното образование) во областа за која поднесува апликација за стипендија; (доколку има);

-        кандидатот може да достави референци (писма за препорака) од соодветната област за која аплицира; (доколку има);

-        кандидатите за докторски студии; кандидатите за делумни - едно семестрални додипломски или магистерски студии и кандидатите за магистерски обуки/специјализации може да достават потврда на англиски јазик од институцијата домаќин за прием на студентот во студиската програма. (Оваа потврда треба да содржи име и презиме на студентот, име на високообразовна институција/факултет и студиска програма каде што ќе студира, период на студирање); (доколку има);

-        сертификат за нивото на познавање на странскиот јазик на кој се одвива наставата (TOEFL, IELTS, или нивен еквивалент) или сертификат за нивото на познавање на јазикот на студирање во институцијата домаќин  ;

-        биографија (CV) и мотивациско писмо;

-        учество во објавени научни трудови (доколку има);

 

 

Крајниот рок за поднесување на документите е 22.07.2024 година.

 

Прелиминарниот избор го врши комисија при Министерството за образование и наука по следниве критериуми; висина на просечен успех, квалитет на документацијата, степен на мотивација, комуникативност, информираност за програмата во земјата домаќин, идна реализација.

 

Доколку има потреба, комисијата при Министерството за образование и наука има право да организира интервју со кандидатите, за времето и местото на одржување на интервјуто, кандидатите ќе бидат известени по крајниот рок за поднесување на документацијата.

 

Контакт лице за стипендиите за студирање во Бугарија е Ангел Апостолов.

Телефонски број: +359 2 424 11 25,

е-маил: a.apostolov@mon.bg

 

Контакт лице при Министерството за образование и наука е Александар Тутновски

 

Телефонски број: 076 485 053

е-маил: bilaterala@mon.gov.mk

 

Потполнетата апликација заедно со документацијата треба да се поднесе во Министерството за образование и наука,  на адреса:

 

ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр.54, 1000 Скопје,

 

Одделение за меѓународна соработка во образованието и науката

 

Истата документација во скенирана форма (PDF) треба да се испрати на следнава е-маил адреса: bilaterala@mon.gov.mk

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar