Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Поставен камен темелник на ново училиште во Кисела Вода

Поставен камен темелник на ново училиште во Кисела Вода

 

Поставен камен темелник на ново училиште во Кисела Вода

 

Инвестициите во образовната инфраструктура, како оваа, се камен темелник за изградба на поквалитетен македонски образовен систем, кој ќе ги задржува младите во родните места, ќе го развива целосно нивниот потенцијал и ќе сакаат да возвратат и тој потенцијал да го искористат во својата татковина. Ова го истакна министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска на денешното поставување камен темелник за изградба на нов објект на основното училиште „Св. Климент Охридски“ во населбата Драчево во општина Кисела Вода.

 

Честитајќи им на учениците, вработените во училиштето и жителите на, таа најави дека во иднина ќе следат уште повеќе и поголеми инвестиции во образованието.

 

„Имаме добар план, во чија основа е платформата „1198“, согласно која во првите 100 дена, а почнуваме веднаш, ќе направиме мапирање на состојбите во сите воспитно – образовни институции, дефинирање на нивните потреби за нови градби и реконструкции на постојните објекти и потоа етапна, конкретна акција на терен“, нагласи Јаневска.

 

Новиот училишен објект ќе биде наменет за 550 ученици, ќе чини 99 милиони денари и ќе биде изграден за две години.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar