Почитувани ученици, почитувани родители,
Со цел оптимизирање на целокупниот процес на уписи во средните училишта во Република Северна Македонија, Министерството за образование и наука и оваа година преку дигитална услуга ќе Ви овозможи електронско аплицирање кое нема да Ви одземе повеќе од 15-тина минути.
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на schools.mk.
Регистрација на системот нема да биде потребна и најавата ќе се врши исклучиво со корисничките сметки на schools.mk.
Упатството за логирање/најава во системот и пополнување на пријавата ќе биде поставено со линк на страната за логирање/ најава.
Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 20 јуни до 25 јуни 2024 година до 15.00 часот, додека второто пријавување е на 1 јули и 2 јули 2024 година до 15:00 часот.
Пријавата за запишување е составен дел од апликацијата која е потребно да се пополни, да се испечати и да се достави до училиштата со останатите потребни документи согласно конкурсните рокови од Конкурсот за запишување ученици во јавните средни училишта за учебната 2024/2025 година во Република Северна Македонија.
Пополнетата електронска пријава од страна на учениците може да се генерира со печатење на електронската пријава преку системот за е-услуги. Истата може да се повлече преку порталот за е-услуги на МОН, преку печатење со сивото копче печати во сегментот МОИ АПЛИКАЦИИ на порталот - по отварање на електронската пријава на ученикот.
Повеќе информации, на следниот линк.
Со почит
Министерство за образование и наука