Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Средните училишта подготвени за спроведување на државната матура

Средните училишта подготвени за спроведување на државната матура

 

Средните училишта подготвени за спроведување на државната матура

 

Сите средни училишта во државата се подготвени за спроведување на државната матура, која започнува утре со полагање на тестот по мајчин јазик. Учениците годинава ќе полагаат во поголеми просторни услови, односно во холовите и спортските сали во рамки на училиштата каде го завршуваат средното образование, или пак во најблиското училиште каде има соодветни услови согласно новиот правилник на Државниот испитен центар.

 

Потсетуваме дека согласно Концепцијата за матура и завршен испит, учениците полагаат 2 екстерни предмети, 2 интерни предмети и подготвуваат проектна задача. Задолжителен за сите е мајчиниот јазик и тој се полага утре. Следниот испит ќе биде на 8 јуни, а прелиминарни резултати ќе има најдоцна на 8 јули, по што ќе следи можноста за поднесување приговори.

 

Државната матура се спроведува од 2008 година, како законска обврска и услов за упис на високообразовна установа.

 

[ петок, 31 мај 2024 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar