Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Повик за искажување на јавен интерес

Повик за искажување на јавен интерес

 

Врз основа на член 17-а став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на РМ„   бр.98/2008, 99/2009, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18) МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

 

Повик за искажување на јавен интерес

за формирање на авторски тим за изработка на ракописи за учебници за VII одделение во деветгодишно основно образование

 

Авторскиот тим ќе се формира за следните наставни предмети:

 

- Македонски јазик за VII одделение во деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 364.464,00 (триста шеесет и четири илјади четристотини шеесет и четири) денари,

Албански јазик (изборен предмет) за VII одделение во деветгодишно основно образование и Албански јазик (јазик на заедницата) за V оддление во деветгодишно основно образование, надоместок за пренос на материјалното авторско право во нето износ од 364.464,00 (триста шеесет и четири илјади четристотини шеесет и четири) денари.

Заинтересираните авторски тимови потребно е да достават пријава за авторски тим  до архивата на Педагошката служба –ул.„Св.Кирил и Методиј„ 54- Скопје, заклучно со 03.06.2024 година. (пријавата може да се преземе од веб – страната на МОН – www.mon.gov.mk).

Кон пријавата авторите од авторскиот тим задолжително треба да достават:

уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (авторите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование

- доказ дека имаат работно искуство во настава

Напомена: во составот на авторскиот тим може да се избере и автор кој не ги исполнува условите во однос на работното искуство од најмалку десет години како наставник во основно, средно или високо образование по соодветниот наставен предмет за кој е наменет учебникот, односно работно искуство од најмалку десет години како наставник во основно, средно или високо образование соодветно според наставната програма за предметот за кој е наменет учебникот

Министерството за образование и наука  известува дека ќе склучи договор само доколку ракописот за учебник на авторскиот тим се одобри за употреба со одлука на Националната комисија за учебници за основно и средно образование.                                                                                   

[ среда, 22 мај 2024 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar