Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јавен повик за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование

Јавен повик за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование

 

Врз основа на член 24-а од Законот за средното образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.44/95, 24/96, 34/96, 35/97, 82/99, 29/02, 40/03, 42/03, 67/04, 55/05, 113/05, 35/06, 37/07, 49/07, 81/08, 92/08, 33/10, 116/10, 156/10, 118/11, 51/11, 6/12, 100/12, 24/13, 41/14, 135/14, 10/15, 98/15, 145/15, 30/16, 127/16, 67/17, 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.229/20) и Правилникот за начинот и поблиските критериуми на организирање и изведување на натпреварите на учениците по одделни предмети на општинско, регионално и државно ниво во средното образование бр. 19-2249/1 од 05.03.2013 година, бр.20-2928/1 oд 02.03.2017 година и бр.13-5583/1 од 29.3.2021 година, Министерството за образование и наука објавува

Ј А В Е Н   П О В И К
за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование

Министерството за образование и наука објавува Јавен повик за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците по одделни предмети во средното образование.

На овој Јавен повик право на учество имаат здруженијата на наставници кои се регистрирани како здруженија најмалку три години до денот кога поднесуваат пријава за организирање на натпреварите и да обезбедат организирање на натпревари на целата територија на Република Северна Македонија на сите наставни јазици.

 Со поднесувањето на барањето за акредитација на здруженија на наставници за организирање на натпревари на учениците во средното образование, здруженијата на наставници треба да достават:

1.Документ за регистрирана дејност од Централен регистар на Република Северна Македонија

2.Тековна состојба на здружението на наставници издадена од Централен регистар на Република Северна Македонија

3.Биланс на состојба и биланс на успех на здружението на наставници издадени од Централен регистар на Република Северна Македонија

4.Статут на здружението на наставници

5.Правилник за организирање на натпреварите на здружението на наставници  

6.Тригодишен календар за спроведување на натпреварите за учениците во средните училишта во кои ќе бидат содржани наставните предмети, временскиот период за реализација на натпреварите и одговорните наставници кои ќе бидат вклучени во организацијата и реализацијата на натпреварите.

Доколку на Јавниот повик се пријават две или повеќе здруженија кои ги исполнуваат условите согласно член 24-а од Законот за средното образование, Комисијата за акредитација на здруженија на наставници одлучува врз основа на дополнителни критериуми и тоа:

- број на наставници кои членуваат во здружението,

- број на наставници од здружението коишто како ментори учествувале на меѓународни натпревари/олимпијади и

- добиените награди за освоени места на меѓународни натпревари/олимпијади каде што ментори биле наставници од здружението.

Заинтересираните здруженија чија документација ќе биде некомплетна или ненавремено доставена нема да бидат земени во предвид во процесот на понатамошно разгледување и акредитирање.

За организирање на натпреварите се акредитира по едно здружение на наставници или сојуз на здруженија по одделен наставен предмет, односно област за период од три години сметано од датумот на издавање на Решението за акредитација.

Избраните здруженија на наставници, односно сојузи на здруженија со правилник за организирање на натпреварите ќе го уредат начинот на организацијата, како и натпреварите на учениците да ги организираат преку наставници што изведуваат настава по одделен наставен предмет, сроден предмет или област, како и да обезбеди организирање натпревари на целата територија на Република Северна Македонија на сите наставни јазици, со исклучок на натпреварите по македонски јазик и литература, албански јазик и литература и турски јазик и литература.

Доколку избраните здруженија на наставници, односно сојузи на здруженија не обезбедат организирање на натпреварите на мајчин јазик на ученикот, доделената акредитација може да биде одземена од страна на  Министерството за образование и наука.

Акредитираното здружение на наставници на својата интернет страница секоја година јавно ги објавува прашањата, зададените задачи и/или темите кои ги користел при одржаните натпревари на ученици на општинско, регионално и државно ниво на натпреварите од претходната година кои треба да бидат преведени на сите наставни јазици.

Учеството на учениците на натпреварите по одделни предмети на општинско, регионално и државно ниво во средното образование е доброволно и бесплатно, односно не се наплаќа паричен надоместок од родителите/старателите на учениците.

 Здружението на наставници или сојузот на здруженија може да издаде само една диплома за освоено прво, второ или трето место на ученик кој учествувал на државен натпревар по одделен наставен предмет, сроден предмет или област, пофалница на наставникот - ментор, а за останатите учесници може да издаде уверение за учество на натпреварот.

Право на учество на овој Јавен повик имаат здруженијата на наставници и сојузите на здруженија на наставници кои немаат добиено акредитација за следните општообразовни наставни предмети за гимназиско и стручно образование:

 

- Албански јазик и литература

- Турски јазик и литература

-Класични јазици

- Руски јазик

- Социологија

- Граѓанско образование

- Бизнис и претприемништво

- Бизнис

-Спорт и спортски активности
-
Ликовна уметност
-
Педагогија
-
Психологија
-
Вовед во право
-
Менаџмент
-
Логика
-
Етика
-
Економија

 -Филозофија

-Информатика.

Стручните предмети од следните струки:

-Градежно - геодетска
-
Геолошко - рударска

-Графичка
-
Економска – правна и трговска

-Здравствена
-
Струка лични услуги
-
Текстилно – кожарска
-
Угостителско - туристичка

-Шумарско –дрвопреработувачка

Стручни предмети од уметничко образование за:

-Ликовна уметност и дизајн

Потребната документација се доставува во рок од 15 дена од денот на објавувањето на овој Јавен повик во писарницата на Министерство за образование и наука, ул. „Св. Кирил и Методиј“ бр.54 Скопје.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar