Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава

Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава

 

Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава

 

 

Контролите на Државниот просветен инспекторат над работата на основните и средните училишта во државата во изминатите неколку месеци, потврдуваат дека Тетово е општина која најлошо ги менаџира своите надлежности и обврски во областа на образованието. Тоа е резултат на несовесно работење на градоначалникот кој наместо на квалитетот на наставата и интересите на учениците, фокусиран е на политички игри кои ги спроведува токму преку образовните установи.

 

Од страна на просветните инспектори констатирани се бројни неправилности, особено при избори и именувања на директори и тоа во седум општински основни и средни училишта, за што давани се насоки за постапување и поведувани се соодветни постапки.

 

Во три основни училипта - „Истикбал“, „Ѓерѓ Кастриот Скендербеу“ – Порој и „Беса“ во Мала Речица, именувани се директори кои не ги исполнуваат законските услови за извршување на функцијата. Двајца од нив (во „Истикбал“ и „Беса“) се назначени и без да се спроведе оглас за избор на директор, исто како и во гимназијата „7ми Март“.

 

Во средното училиште „8ми Септември“ не е распишан оглас за избор на директор три месеци пред истекот на мандатот на актуелниот директор на училиштето, како што наложува законот, додека во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, противзаконски е разрешен директор и не е постапено согласно насоките од записникот на просветните инспектори при констатитирањето на прекршокот, што пак е утврдено за време на контролниот надзор.

 

Најнов случај на констатирана нерегуларност е обидот на директорката на ОУ „Лирија“ за преземање на вработени од други институции со лажна изјава, за што известени се надлежните органи и институции за понатамошно постапување.

 

Законите важат подеднакво за сите и мора да се почитуваат. Раководството на општина Тетово е свесно за прекрошоците кои ги има направено и залудни се обидите да се даде политички контекст на реакциите на институциите и на голем дел од тетовските граѓани. Никој не е над законот и за непочитувањето треба да знае дека сноси одговорности и има последици.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar