Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари

Јавен повик за финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари

 

 

Врз основа на Законот за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани (“Службен весник на Република Северна Македонија“бр.269/23), министерот за образование и наука распишува

ЈАВЕН ПОВИК

За финансиска поддршка за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари

Се повикуваат сите ученици во основното и средното образование кои ги исполнуваат следните услови  а не се пријавиле на повикот објавен во месец декември 2023 година да се пријават на јавниот повик за финансиска поддршка за учениците од основните, односно средните училишта:

1.    Да се државјани на Република Северна Македонија;

2.    Да се редовни ученици во основното, односно средното образование

3.   Да се ученици чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари

I. Начин на пријавување

Кандидатите треба да се пријават во училиштето во кое ученикот е запишан. При пријавувањето, кандидатите треба да ги пополнат обрасците за:

-основно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател; Изјава за вистинитоста на сите податоци и докази потпишана од родител/старател подносител на барањето.

-средно образование: Пријава на родител/старател поднесувач на барањето, Изјава од другиот родител/старател; Изјава за вистинитоста на сите податоци и докази потпишана од родител/старател подносител на барањето.

II. Потребни документи

1. Копија од трансакциска сметка на еден родител/старател подносител на пријавата

2. Потврда од работодавачот за последно исплатена нето плата на двајцата родители/старатели

3. За лица кои не се во работен однос доказ- Потврда од Агенција за варботување на Република Северна Македонија или Изводи од приходите од сите трансакциски сметки на име на родителите/старателите за претходниот месец односно до датумот на аплицирањето по овој повик или Потврда/Решение за право на гарантирана минимална помош.

4. За регистрираните индивидуални земјоделци изводи од сите трансакциски сметки на име на родителите/старателите за 2023 година.

5. Доколку е дете на починат родител доказ-Извод од книгата на умрените и последен чек од пензија.

6. Доколку е дете од разведени родители доказ-Решение од правосилна судска пресуда (подносител на пријавата е родителот/старателот, кој единствено само тој доставува потребна документација по овој повик).

7. Доколку е дете на родител пензионер доказ–последен чек од пензија.

9. Изјава за вистинитоста на сите податоци и докази потпишана од родител/старател подносител на барањето.

Напомена Министерството за образование и наука по службена должност има право да ја проверува веродостојноста на податоците кои ќе бидат доставени од училиштата до Министерството.

III. Рок за пријавување

Рокот за пријавување е од 05 до 16 јануари 2024 година (продолжен поради зимскиот распуст).

IV. Останати информации

 Член 8 од Законот за финансиска поддршка на социјално ранливата група на граѓани, се однесува за учениците од основните и средните училишта чии семејства имаат вкупни месечни приходи од нето плата до 50.000 денари. Така што сите други трансфери (на пример субвенции, социјална помош, посебни додатоци, додаток за трето дете и сл.) не се сметаат за месечни нето примања по основ на плата.

Воедно доколку се појават ученици кои се од вонбрачна заедница, со Изводот од матичната книга на родените на детето или пак доколку е признаено родителството, но не живеат во заедница и во изводот стојат податоци и од родителот кој не живее со ученикот, покрај Изводот од матичната книга на родените се доставува и соодветен доказ од Центарот за социјални работи. Во овој случај подносител на пријавата е родителот/старателот, кој единствено само тој доставува потребна документација по овој повик.

За оние ученици кои не добиле финансиската поддршка на претходниот повик, а во меѓувреме ги исполниле условите, Министерството за образование и наука секој месец објавува јавен повик, најдоцна до петтиот ден од месецот.

Во случај на промени чие настанување влијае врз условите за стекнување или користење на правото за финансиска поддршка, како што е:  семејствата имаат вкупни месечни приходи од нето плата над 50.000 денари, родителот/старателот подносител на барањето за финансиската поддршка е должен за тоа да го извести училиштето во периодот од 15 ти до 20 ти јануари 2024 година. Во спротивно давателот на финансиската поддршка ќе изврши наплата на веќе исплатените средства.

Кога училиштата ќе утврдат дека одредени ученици повеќе не ги исполнуваат условите за користење на финансиската поддршка, ги доставуваат податоците до Министерството. Министерството ги испишува лицата од евиденцијата на корисници на  финансиската поддршка.

Министерството за образование и наука на месечна основа врши исплата за учениците кои ги исполнуваат условите.

 ИЗЈАВА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА ТАТКОТО/СТАРАТЕЛ, ОДНОСНО МАЈКАТА/СТАРАТЕЛ ДА БИДЕ ПОДНОСИТЕЛ НА ПРИЈАВАТА ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ПРАВО НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЧИИ СЕМЕЈСТВА ИМААТ ВКУПНИ МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ ОД НЕТО ПЛАТА ДО 50 000 ДЕНАРИ DEKLARATË PËR DHËNIEN E PËLQIMIT PËR BABAIN/KUJDESTARIN GJEGJËSISHT NËNËN/KUJDESTARIN TË JETË PARASHTURES I APLIKIMIT PËR MARRJEN E TË DREJTËS PËR MBËSHTETJE FINANCIARE PËR NXËNËSIT E ARSIMIT FILLOR FAMILJET E TË CILËVE KANE TË ARDHURA TË PËRIGJITHSHME MUJORE TË PAGËS NETO DERI NË 50.000 DENARË
 ИЗЈАВА ЗА ДАВАЊЕ СОГЛАСНОСТ НА ТАТКОТО/СТАРАТЕЛ, ОДНОСНО МАЈКАТА/СТАРАТЕЛ ДА БИДЕ ПОДНОСИТЕЛ НА ПРИЈАВАТА ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ПРАВО НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЧИИ СЕМЕЈСТВА ИМААТ ВКУПНИ МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ ОД НЕТО ПЛАТА ДО 50 000 ДЕНАРИ / DEKLARATË PËR DHËNIEN E PËLQIMIT PËR BABAIN/KUJDESTARIN GJEGJËSISHT NËNËN/KUJDESTARIN TË JETË PARASHTURES I APLIKIMIT PËR MARRJEN E TË DREJTËS PËR MBËSHTETJE FINANCIARE PËR NXËNËSIT E ARSIMIT TË MESËM FAMILJET E TË CILËVE KANE TË ARDHURA TË PËRIGJITHSHME MUJORE TË PAGËS NETO DERI NË 50.000 DENARË
 ИЗЈАВА за вистинитоста на сите податоци и докази кои се во прилог на пријавата / DEKLARATË për vërtetësinë e të gjitha të dhënave dhe dëshmive të cilat janë në shtojcë të kërkesës
 ПРИЈАВА ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ПРАВО НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЧИИ СЕМЕЈСТВА ИМААТ ВКУПНИ МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ ОД НЕТО ПЛАТА ДО 50 000 ДЕНАРИ / FLETËPARAQITJE PËR MARRJEN E TË DREJTËS PËR MBËSHTETJE FINANCIARE PËR NXËNËSIT E ARSIMIT FILLO FAMILJET E TË CILËVE KANE TË ARDHURA TË PËRIGJITHSHME MUJORE TË PAGËS NETO DERI NË 50.000 DENARË
 ПРИЈАВА ЗА СТЕКНУВАЊЕ СО ПРАВО НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИ ОД СРЕДНОТО ОБРАЗОВАНИЕ ЧИИ СЕМЕЈСТВА ИМААТ ВКУПНИ МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ ОД НЕТО ПЛАТА ДО 50 000 ДЕНАРИ / FLETËPARAQITJE PËR MARRJEN E TË DREJTËS PËR MBËSHTETJE FINANCIARE PËR NXËNËSIT E ARSIMIT TË MESËM FAMILJET E TË CILËVE KANE TË ARDHURA TË PËRIGJITHSHME MUJORE TË PAGËS NETO DERI NË 50.000 DENARË
 УПАТСТВО ЗА НАЧИНОТ И УСЛОВИТЕ ВО ПОСТАПКАТА ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ ЗА ДОБИВАЊЕ НА ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА ЗА УЧЕНИЦИ ОД ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА ЧИИ СЕМЕЈСТВА ИМААТ ВКУПНИ МЕСЕЧНИ ПРИХОДИ ОД НЕТО ПЛАТА ДО 50.000 ДЕНАРИ / UDHËZIM PËR MËNYRËN DHE KUSHTET NË PROCEDURËN E APLIKIMIT PËR PËRFITIMIN E MBËSHTETJES FINANCIARE PËR NXËNËT E SHKOLLËS FILLORE DHE TË MESME FAMILJET E TË CILËVE KANE TË ARDHURA MUJORE NETO PAGA NË PËRGJITHËSI DERI NË 50.000 DENARË
 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar