Министерство за образование и наука

  / Стипендии / Конкурс за доделување 500 (петстотини) стипендии за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование од здравствена струка (ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ ОД ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА) за учебната 2023/2024 година

Конкурс за доделување 500 (петстотини) стипендии за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование од здравствена струка (ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ ОД ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА) за учебната 2023/2024 година

 

Конкурс за доделување 500 (петстотини) стипендии за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование од здравствена струка (ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ ОД ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА) за учебната 2023/2024 година

 

Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлука за измена на одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици/чки запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 274/23), и Решението за распишување Конкурс за доделување 500 (петстотини) стипендии за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование од здравствена струка (ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ ОД ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА) за учебната 2023/2024 година бр. 19-13963/1 од 26.12.2023 година, министерството за образование и наука распишува

 

К О Н К У Р С

за доделување 500 (петстотини) стипендии за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование од здравствена струка (ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ ОД ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА) за учебната 2023/2024 година

 

Министерството за образование и наука ќе додели 500 (петстотини) стипендии за ученици кои ќе се запишат во паралелки во стручно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование од здравствена струка (ДУАЛНИ ПАРАЛЕЛКИ ОД ЗДРАВСТВЕНА СТРУКА) за учебната 2023/2024 година.

 

 I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и ги исполнуваат следните услови:

1. Да се редовни ученици/чки од средно образование во кои ќе се реализира практично образование со зголемен број на часови согласно програмите за стручно образование во Република Северна Македонија во здравствените струки;

2. Да имаат постигнато минимум континуиран успех од 3.00 во досегашното образование;

3. Да не повторувале година во текот на образованието;

4. Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

5. Да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Критериум за доделување на стипендиите e постигнат успех.

 

Доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година.

 

Доколку од вкупниот број на пристигнати апликации постои родов јаз, односно од вкупно пријавените кандидати бројот на женски кандидатки е помал од 40%, во финалното бодување на женските кандидатки кои исполнуваат услови ќе им се даде дополнителен бод.

 

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Ученици/чките кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 28.12.2023 до 11.01.2024 година.

 

Потребните документи за доставување се следните:

1.Потврда дека е редовен ученик во учебната 2023/2024 година; (во потврдата да биде наведено дека ученикот посетува настава во дуална паралелка);

2. Свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (да се прикачуваат оригинални Свидетелства)

3. Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендија;

4. Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити;

5. Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот, со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;

6.Трансакциска сметка на име на ученикот;

 

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија, со потребната документација („Службен весник на Република Македонија” бр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:

- Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна или доколку документите се достават/испратат хартиено.

 

Списокот со избраните кандидати најдоцна по шеесет дена од денот на завршување на конкурсот, ќе биде објавен на интернет страницата на Министерството.

 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, во одредениот рок да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука.

 

Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци во годината за времетраењето на учебната година 2023/2024.

 

Стипендии

Back to top
Close Offcanvas Sidebar