Министерство за образование и наука

  / Конкурси / Јавен оглас за рецензенти на учебник

Јавен оглас за рецензенти на учебник

 

Врз основа на член 16 став 1 од Законот за учебници за основно и средно образование („Службен весник на Република Македонија” бр. бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14,146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), директорот на Педагошката служба, распишува:

 

Јавен оглас
за рецензенти на учебни
к

 

1.Нарачател: Министерство за образование и наука-Педагошка служба, ул.„Св.Кирил и Методиј“ бр. 54-Скопје.

2. Се распишува Јавен оглас за рецензенти по предметот:

- Статистика за II година СТРУКА/СЕКТОР: ЕКОНОМСКО-ПРАВНА И ТРГОВСКА/ЕКОНОМИЈА, ПРАВО И ТРГОВИЈА, Образовен профил/квалификација: Техничар за е-трговија и дигитален маркетинг,

3. Пријавените рецензенти треба да ги исполнуваат следните услови:

- да бидат наставници од наставничките факултети за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава и

- да бидат наставници од основно  училиште соодветни за наставниот предмет за кој е наменет учебникот и со најмалку 10 години работно искуство во настава.

Заинтересираните кандидати кон пријавата задолжително треба да достават:

- уверение или диплома за завршено соодветно образование, во оригинал или заверена со нотарски печат (кандидатите кои имаат завршено образование во странство должни се да достават нострифицирана диплома од Република Северна Македонија),

- изјава дека ги исполнуваат условите согласно член 11 од Законот за учебници за основно и средно образование.

- преглед на регистирани податоци во матична евиденција од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.

Пријавата може да се преземе од следниот линк или да се подигне во Министерството за образование и наука-Педагошка служба ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Пријавата уредно пополнета заедно со целокупната документација се доставува во Министерството за образование и наука-Педагошка служба, на ул. Кирил и Методиј бр. 54, Скопје.

Краен рок за доставување на пријавите е 15.01.2024 година.
Некомплетните или ненавремено доставени пријави, нема да бидат разгледувани.

 

[ среда, 22 ноември 2023 ] [ 0 ]

 

Конкурси

Back to top
Close Offcanvas Sidebar