Министерство за образование и наука

  / Стипендии / Конкурс за доделување 200 (двесте) стипендии за ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

Конкурс за доделување 200 (двесте) стипендии за ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

 

Врз основа на член 54 став 1 од Законот за ученичкиот стандард („Службен весник на Република Македонија” бр. 52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18, 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици/чки запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година (“Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 202/23), и Решението за распишување Конкурс за доделување 200 (двесте) стипендии за ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителско-туристичката струка, шумарско-дрвопреработувачка струка, градежно-геодетска струка, земјоделско-ветеринарна струка, машинска струка и текстилно-кожарска струка од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година, бр. 19-11096/1 од 13.10.2023 година, министерството за образование и наука распишува

 

К О Н К У Р С

за доделување 200 (двесте) стипендии за ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

 

Министерството за образование и наука ќе додели 200 (двесте) стипендии за ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година, и тоа не следен начин:

 

А) Угостителство и туризам: 30 стипендии за ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година;

Б) Шумарско и обработка на дрво: 20 стипендии за ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од шумарство и обработка на дрво од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година;

В) Градежништво и геодезија: 50 стипендии за ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од наставни програми од градежништво и геодезија од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година;

Г) Земјоделство, рибарство и ветеринарство: 50 стипендии за ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од наставни програми од земјоделство, рибарство и ветеринарство од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година;

Д) Машинство: 25 стипендии за ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од наставни програми од машински од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година;

Ѓ) Текстил, кожа и слични производи: 25 стипендии за ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од наставни програми од текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година;

 

 I. УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

Право на стипендија имаат кандидатите кои учат во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија и ги исполнуваат следните услови:

1- Да се редовни ученици/чки од средно образование кои реализираат наставни програми од угостителство и туризам, шумарство и обработка на дрво, градежништво и геодезија, земјоделство-рибарство и ветеринарство, машинство и текстил, кожа и слични производи од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија;

2- Да имаат постигнато минимум континуиран многу добар успех во досегашното образование;

3- Да не повторувале година во текот на образованието;

4- Да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;  

5- Да се државјани на Република Северна Македонија.

 

Критериум за доделување на стипендиите се:

-Постигнатиот успех од досегашното образование.

 

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

Ученици/чките кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на http://e-uslugi.mon.gov.mk од 18.10.2023 до 01.11.2023 година.

 

Потребни документи кои се потребни за прикачување на апликацијата се следните:

1. Потврда дека е редовен ученик во учебната 2023/2024 година (во потврдата да биде наведена струката на ученикот);

2. Свидетелствата за завршени претходни години на образованието (кандидатите од I година доставуваат свидетелства од VI-IX одделение); (да се прикачуваат оригинални Свидетелства)

3.Изјава потпишана од родител-старател дека кандидатот не е корисник на друга стипендијa;

4.Изјава потпишана од родител-старател дека доставените документи се вистинити;

5.Изјава потпишана од родител-старател за обработка на личните податоци на кандидатот и неговото потесно семејство (родители-старатели, браќа, сестри), со која се сложува Министерството за образование и наука по службена должност да ги обезбеди потребните документи од јавни институции со кои има склучено договори за соработка;

6.Трансакциска сметка на име на ученикот.

 

Министерството за образование и наука по службен пат, согласно Правилникот за образецот на барањето за сместување во ученички дом и образецот на барањето за доделување стипендија („Службен весник на Република Македонијабр.189/16 и 41/17), ќе го обезбеди следниот документ:

-Уверение за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна или доколку документите се достават/испратат хартиено.

 

Во струките каде што од вкупниот број на пристигнати апликации постои родов јаз, односно од вкупно пријавените кандидати бројот на женски кандидатки е помал од 40%, во финалното бодување на женските кандидатки кои исполнуваат услови ќе им се даде дополнителен бод.

 

Доколку има повеќе кандидати со ист број на бодови, предност имаат кандидатите запишани во повисока година и освоени награди од областа.

 

Списокот со избраните кандидати ќе бидe објавен на 01.12.2023 година на интернет страницата на Министерството.

 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 15.12.2023 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование.

 

Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата.

 

III. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3.500,00 денари месечно и ќе се исплатува во траење од девет (9) месеци за времетраењето на учебната година 2023/2024.

 

Стипендии

Back to top
Close Offcanvas Sidebar