Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за доделување на стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

Конкурс за доделување на стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

 

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Македонија“ бр.96/19 и 110/19), член 54 став 3 од Законот за ученички стандард („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.52/05, 117/08, 17/11, 135/11, 15/13, 41/14, 146/15, 30/16, 64/18 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 248/20 и 302/20), а согласно Одлуката за утврдување на бројот на стипендистите и висината на стипендиите за ученици запишани во средните училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 202/23) и Решението за распишување на Kонкурс за доделување стипендии на ученици Роми од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 бр. 19-10771/1 од 06.10.2023 година, Министерството за образование и наука, распишува

 

 

КОНКУРС

за доделување на стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија за учебната 2023/2024 година

 

Министерството за образование и наука за учебната 2023/2024 година ќе додели 920 (девестотини и дваесет) стипендии во четири категории за ученици Роми запишани во прва, втора, трета и четврта година од јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија.

 

 

I.                 УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

 

Во учебната 2023/2024 година се доделуваат вкупно 920 стипендии за средношколци Роми во четири категории, од кои:

 

1.     Во првата категорија се доделуваат вкупно 270 стипендии за средношколци Роми за учебната 2023/2024 година во висина од 3.000 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 4.50 до 5.00 во последната учебна година;

2.     Во втората категорија се доделуваат 320 стипендии за средношколци Роми за учебната 2023/2024 година во висина од 2.300 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.50 до 4.49 во последната учебна година;

3.     Во третата категорија се доделуваат 180 стипендии за средношколци Роми за учебната 2023/2024 година во висина од 1.700 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 3.00 -  3.49 во последната учебна година;

4.     Во четири категорија се доделуваат 150 стипендии за средношколци Роми за уебната 2022/23 година во висина од 1.200 денари месечно по ученик, а кои постигнале успех од 2.00 - 2.99 во последната учебна година.

 

 

II.               КРИТЕРИУМИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

 

За учениците Роми од прва, втора, трета и четврта категорија стипендиите ќе се доделат согласно следните критериуми:

1) да се редовни ученици запишани во прва, втора, трета или четврта година во јавните и приватните средни училишта во Република Северна Македонија;

2) да не повторувале во претходната учебна година;

3) да не се корисници на стипендија од други институции/установи или фирми;

4) да се припадници на ромската заедница; и

5) да се државјани на Република Северна Македонија.

 

При селекцијата на стипендии за прва, втора, трета и четврта категорија предност имаат кандидатите кои имаат повисок општ успех од оцените.

 

 

III.               НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ

 

Учениците кои ги исполнуваат условите од Конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  http://e-uslugi.mon.gov.mk, од 09.10.2023 до 23.10.2023 година.

 

Потребните документи за доставување се следните:

 

1.      Оригинал потврда дека е редовен ученик во учебната 2023/2024 година;

2.      Свидетелствата за завршена претходна учебна година на образование (кандидатите од I година доставуваат свидетелство од IX одделение, кандидатите од II година доставуваат свидетелство за I година, кандидатите од III година доставуваат свидетелство за II  година,  кандидатите од IV година доставуваат свидетелство за III година) - (да се прикачи оригинално Свидетелствo скенирано од двете страни на електронската апликација);

3.      Уверение за државјанство на Република Северна Македонија на кандидатот (да се прикачи оригинално државјанство на електронската апликација);

4.      Трансакциска сметка на име на ученикот (да се прикачи на електронската апликација);

5.      Изјава дека кандидатот не е корисник на друга стипендија (се пополнува електронски на апликацијата со штиклирање);

6.      Изјава на кандидатот дека е припадник на ромската етничка заедница (се пополнува електронски на апликацијата со штиклирање).

 

Кандидатите нема да бидат рангирани ако прикачената документација е некомплетна или доколку документите се достават/испратат хартиено.

 

Списокот со избраните кандидати ќе биде објавен на 13.11.2023 година на интернет страницата на Министерството.

 

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 30.11.2023 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата. 

 

 

IV.              ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

 

Висината на стипендијата е наведена за секоја категорија посебно и тоа:

 

Прва категорија: Стипендии за ученици со успех од 4.50 до 5.00

Првата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат одлични резултати со успех од 4.50 до 5.00. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2023/2024 година ќе бидат доделени вкупно 270 стипендии. Висината на стипендијата за прва категорија изнесува 3.000 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

 

Втора категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.50 до 4.49

Втората категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат многу добри резултати со успех од 3.50 до 4.49. Во оваа категорија на стипендии за учебната 2023/2024 година ќе бидат доделени вкупно 320 стипендии. Висината на стипендијата за втора категорија изнесува 2.300 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

 

Трета категорија: Стипендии за ученици со успех од 3.00 до 3.49

Третата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а покажуваат добри резултати со успех од 3.00 до 3.49. Во оваа категорија за учебната 2023/2024 година ќе бидат доделени вкупно 180 стипендии. Висината на стипендијата за трета категорија изнесува 1.700 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

 

Четврта категорија: Стипендија за ученици со просек од 2.00 до 2.99

Четвратата категорија на стипендија ќе ги опфати учениците Роми кои учат во прва, втора, трета и четврта година, а во претходната учебна година имаат постигнат општ успех од оцените од 2.00 до 2.99. Во оваа категорија за учебната 2023/2024 година ќе бидат доделени вкупно 150 стипендии. Висината на стипендијата за четврата категорија изнесува 1.200 денари месечно за девет месеци за една учебна година.

 

Стипендиите од сите четири категории кои нема да бидат доделени можат да се префрлаат за доделување во друга категорија на стипендии, наведени во овој Конкурс.

 

Контакт: Мерита Мустафи, 078 865 068

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar