Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Стипендии за истражувачки, докторски и постдокторски студии во Швајцарија за 2024 година

Стипендии за истражувачки, докторски и постдокторски студии во Швајцарија за 2024 година

 

Министерството за образование и наука информира дека сојузната Комисија за стипендии за странски студенти на Владата на Швајцарија ќе додели 20 - 30 стипендии за студенти од Северна Македонија за академската 2024 година.

Овие стипендии им овозможуваат на високо квалификувани млади дипломци од разни области, со можност истите да го продолжат школувањето на истражувачки, докторски и постдокторски студии во Швајцарија на некои од државните универзитети или признаени институции (Швајцарските кантонални Универзитети, Универзитетите за применети науки, на двата Федерални Институти за технологија како и на четирите Институти за  истражување)

 

Достапни се три вида стипендии:

-         Истражувачка стипендија

-         Докторска стипендија

-         Пост-докторска стипендија

 

Подетални информации за трите вида стипендии, може да се најдат на   интернет страницата на Амбасадата на:   www.eda.admin.ch/north-macedonia .

 

Апликациите како и останатите потребни документи може да се најдат  онлајн или во Амбасадата ( Тел: 02 3103300, e-mail: skopje@eda.admin.ch)

Кандидатите потребно е да ја достават целосно пополнетата апликација во хартиена верзија во два примерока до Амбасадата на Швајцарија во Скопје, најдоцна до 15 ноември 2023 година.

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar