Министерство за образование и наука

  / Стипендии / Конкурс за доделување на стипендии на редовни ученици запишани во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ за учебната 2023/2024 година

Конкурс за доделување на стипендии на редовни ученици запишани во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ за учебната 2023/2024 година

 

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа (Службен весник на Република Македонија бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија бр.96/19 и 110/19) и член 12 од Закон за Математичко-информатичка гимназија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 64/18) и Правилник за начинот и поблиските критериуми за доделување на месечна стипендија на учениците во Математичко-информатичката гимназија („Службен весник на Република Македонија“ бр. 5/19), Министерството за образование и наука распишува

 

Конкурс за доделување на стипендии на редовни ученици запишани во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ за учебната 2023/2024 година

Министерството за образование и наука за учебната 2023/2024 година ќе додели стипендии за учениците запишани во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје во Република Северна Македонија.

I.                УСЛОВИ ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ НА СТИПЕНДИЈА

 

Право на стипендија имаат учениците кои се запишани во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ во Република Северна Македонија, а ги исполнуваат следните услови:

 

- да се редовни ученици во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ (од II, III  или  IV година)

-  да имаат постигнато одличен општ успех на крајот на претходната учебна година;

- да не се корисници на стипендија од други институции или фирми;

- да се државјани на Република Северна Македонија.

II. НАЧИН И РОК НА ПРИЈАВУВАЊЕ  

Учениците кои ги исполнуваат условите од конкурсот пополнуваат електронска пријава и ја прикачуваат соодветната документација на  https://e-uslugi.mon.gov.mk/  од 02.10.2023 до 13.10.2023 година.

 

III.            ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ

Учениците кои се пријавиле електронски потребно е да ги достават следните документи:

1. Уверение за државјанство на Република Северна Македонија;

2. Потврда дека е редовен ученик во Математичко-информатичката гимназија;                                                                 

3. Свидетелства за завршена претходна година на образованието;

4.  Изјава потпишана од родител/старател дека ученикот не е корисник на друга стипендија;                                                               

5. Изјава од родителот/старателот за обработка и користење на неговите лични податоци и личните податоци на ученикот, со која ученикот се согласува

Со поднесување на бараните документи на кандидатите им се препорачува да достават и копија од лична трансакциска сметка.

Министерството за образование и наука по службен пат го прибавува уверението за државјанство на Република Северна Македонија од Министерството за внатрешни работи.

 

IV. ВИСИНА НА СТИПЕНДИЈАТА

Висината на стипендијата ќе изнесува 3500 денари месечно за девет месеци во

текот на учебната година.

Списокот со учениците кои ќе се стекнат со правото на стипендија ќе бидe објавен на 13.11.2023 година на сајтот mon.gov.mk и во ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје.

Учениците кои ќе добијат стипендија ќе склучат договор со Министерството за образование и наука со кој ќе се утврдат правата и обврските.

Се задолжуваат сите добитници на стипендии по објавувањето на списокот, а најдоцна до 01.12.2023 година да го потпишат договорот за стипендија со Министерството за образование и наука. Сите кандидати кои нема да го почитуваат овој рок ќе се смета дека се откажуваат од стипендијата. 

 

Стипендии

Back to top
Close Offcanvas Sidebar