Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јавен оглас за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за кофинансирање на билатерални научно -истражувачки проекти меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Австрија кои ќе се финансираат во периодот 2024-2025 година

Јавен оглас за избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за кофинансирање на билатерални научно -истражувачки проекти меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Австрија кои ќе се финансираат во периодот 2024-2025 година

 

Врз основа на член 55 став 1 од Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на РМ“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10 и 51/11) и  член 50 од Законот за научно-истражувачка дејност дејност („Службен весник на РМ“ бр. 46/08, 103/08, 24/11, 80/12, 24/13, 147/13, 41/14, 145/15,154/15, 30/16 и 53/16 и „Службен весник на РСМ“ бр. 257/20 и 163/21), Правилникот за постапката и поблиските критериуми за финансирање и надзор на годишните програми за научно-истражувачката дејност на субјектите на научно -истражувачка дејност („Службен весник на РМ“ бр. 88/09, 149/09, и 25/11 ), Министерството за образование и наука  објавува Јавен Оглас за избор на рецензенти  кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за кофинансирање на билатерални научно-истражувачки проекти меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Австрија кои ќе се финансираат во периодот 2024-2025 година.

 

ЈАВЕН ОГЛАС

 

За избор на рецензенти кои ќе ги рецензираат проектите по објавениот Конкурс за кофинансирање на  билатерални научно -истражувачки проекти меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Австрија  кои ќе се финансираат во периодот 2024-2025 година

 

Министерството за образование и наука од пријавените кандидати ќе изврши избор на рецензенти, кои ќе ги рецензираат поднесените предлог - проекти по Конкурсот за кофинансирање на  билатерални научно -истражувачки проекти меѓу Република Северна Македонија и Сојузна Република Австрија  кои ќе се финансираат во периодот 2024-2025 година.

Рецензентите треба да бидат од редот на врвни познати и признати истражувачи со научно, односно наставно-научно звање од соодветното научно поле и  научно подрачје на истражување.

            

Рецензентите треба да бидат од следните научни полиња, односно научни подрачја на истражување:

 

 

1.                Математика, Геометрија

2.                Информации и комуникации

3.                Археологија, применети истражувања

4.                Природни науки, Биолошки науки

5.                Биосфера, риби, паразити, Охридско,

                  Преспанско езеро

6.                Биолошки науки, подземни габи,

                  екологија

7.                Одржлив туризам

8.                Квантна механика, молекуларно

                  моделирање

9.                Организациони науки и управување

10.              Компјутерска техника и

                 информатика,

                медицинска информатика

11.              Природно-математички

                  науки,Ботаника

12.              Енергија, екологија и одржлив развој

13.              Технолошко-технички науки,

                 динамика

                  на честички

14               Технолошко-технички науки,

                 водородна

                 кршливост, топловални лимови

15               Економија и бизнис, применета

                 економија, економетрија

16               Природни науки, Инженерство и

                 технологија

 

 

Во постапката за оценување рецензентите треба да се придржуваат кон професионалните и етичките норми (објективност, непристрасност и одбегнување на конфликт на интереси).

Пријавата за рецензент,  уредно пополнета заедно со кратка биографија (CV) се доставува во архивата на Министерството за образование и наука  Сектор за меѓународна соработка, бул. „Св. Кирил и Методиј “ бр. 54 , 1000 Скопје, и електронски на следната е-маил адреса: andrea.aleksovski@mon.gov.mk

 

Краен рок за доставување на пријавите е  25.09.2023 година ( 15:30 час).

 

Некомплетни или ненавремено доставени пријави,  нема да бидат разгледувани.

 

За симнување

Пријава за рецензент

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar