Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири во тријазичното гостиварско училиште „Единство“: Ќе имаме успешна училишна година ако на сите ни се најважни учениците

Шаќири во тријазичното гостиварско училиште „Единство“: Ќе имаме успешна училишна година ако на сите ни се најважни учениците

 

Шаќири во тријазичното гостиварско училиште „Единство“: Ќе имаме успешна училишна година ако на сите ни се најважни учениците

 

Задачата на образованието, во време со многу предизвици, е уште позначајна – не само да ги учи и мотивира децата да стекнуваат нови знаења и вештини, туку и да ги гради како личности без предрасуди, толерантни и инклузивни, граѓани кои ги почитуваат различните од себе и не подлегнуваат на стереотипи, рече министерот за образование Јетон Шаќири во гостиварското основно училиште „Единство“, каде наставата се одвива тројазично и во неа се вклучени и деца со атипичен развој.

Посакувајќи им успешна учебна година на учениците и наставниците, министерот посочи дека се испорачани најголем дел од учебниците во основното образование, а останатите училиштата ќе добијат откако ќе биде одобрено нивното користење од Националната комисија за учебници.

„Сите наставници треба посветено да ја реализираат наставата а ние заедно со репрезентативниот синдикат договоривме ново зголемување на платите на наставниците“, најави Шаќири, додавајќи дека ова лето се направени големи инфраструктурни зафати што опфаќаат реконструкција на над 50 училишта и изградба на неколку целосно нови објекти, кои етапно ќе се пуштаат во употреба.

Новата учебна е исто така и нова можност за незаборавни другарувања, вклучување во различни спортски и други воннаставни активности, рече министерот Шаќири, нагласувајќи дека квалитетното образование не зависи само од образовните политики и нивната реализација туку е многу важно сите заедно - институциите, локалните самоуправи, училиштата и родителите, да бидеме постојано свесни дека во центарот на нашите активности се нашите деца, кои се наша иднина и иднина на оваа држава. 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar