Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Преку друштвени игри до развивање на мултикултурни вредности

Преку друштвени игри до развивање на мултикултурни вредности

 

Преку друштвени игри до развивање на мултикултурни вредности

 

Учениците од СОУ Кочо Рацин во општина Велес, кои наставата ја следат на македонски и албански наставен јазик, изминативе денови беа дел од Проектот на училиштето -  “Board games in classroom” - едукативно-друштвени игри во училница, која има за цел проширување на знаењата на учениците по предметите од областа на општествено-хуманистичките науки и меѓусебно дружење преку играње едукативни друштвени игри на плоча (табла).


На почетокот учениците се запознаа со едукативните друштвени игри на плоча и т.н. друштвена култура на board-ње која е многу популарна меѓу младите. Поточно учениците се запознаа со три едукативни игри на плоча: Khora: Rise of an Empire, Catan и Спинокио, како и со правилата за нивното играње.

Преку оваа активност се овозможи развивање непосреден контакт помеѓу учениците, другарување преку играње друштвени игри и рушење на етничките бариери, заемно почитување преку непосредно дружење и играње, развој на креативно и логично размислување, стекнување вештини за комуникација, запознавање зборови од друг јазик.

 

МОН преку грантовите кои ги доделува секоја година има за цел спроведување на активности преку кои се негуваат хармонични односи, кои се темелат на почитување на разликите и промовирање на мултиетничките, мултикултурните и интеркултурните вредности, индивидуализираниот пристап кон учениците, позитивна емоционална клима.

[ вторник, 30 мај 2023 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar