Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Министерот за образование и наука Шаќири на билатерални средби во рамки на скрининг процесот во Брисел

Министерот за образование и наука Шаќири на билатерални средби во рамки на скрининг процесот во Брисел

 

Министерот за образование и наука Шаќири на билатерални средби во рамки на скрининг процесот во Брисел

 

Во рамки на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија, министерот за образование и наука Јетон Шаќири од денеска е во тридневна работна посета на Брисел, каде ќе се одржи билатерален скрининг за Поглавје 26 - Образование, култура, млади и спорт и за Поглавје 20 - Индустриска сопственост.

На билатералните средби министерот Шаќири ќе даде целосен преглед на реформите во контекст на евроинтегративните процеси  како и за подготвеноста на државата да биде активен чинител во европските истражувачки мрежи.

Модернизацијата и унапредувањето на образованието и науката се основа за градење креативен и квалитетен човечки капитал како услов за развој и просперитет на демократското општество.

[ понеделник, 29 мај 2023 ] [ 0 ]

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar