Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Шаќири: Го јакнеме мировното образование, децата од најрана возраст треба да се учат на неконфликтно однесување

Шаќири: Го јакнеме мировното образование, децата од најрана возраст треба да се учат на неконфликтно однесување

 

Шаќири: Го јакнеме мировното образование, децата од најрана возраст треба да се учат на неконфликтно однесување

 

 

Мировното образование е составен дел на воспитно-образовниот систем, а веќе 13 години Министерството за образование и наука соработува со Детската амбасада Меѓаши во реализацијата на Програмата "Peace Education". Во обуките за ненасилна комуникација, тимска работа и превенирање на насилство и конфликти досега се вклучени 200 наставници од 14 училишта во државата од 8 градови. Ова беше една од темите на денешната средба на министерот за образование Јетон Шаќири и претседателот и основач на Меѓаши Драги Змијанац.

 

Министерот Шаќири нагласи дека мировната компонента на образованието треба дополнително да се зајакне, како одговор на актуелните случувања во регионот и заложбите за училиштата како сигурни места за одвивање на воспитно-образовниот процес. За таа цел, во завршна фаза е изработката на модулите за мировно образование, што ќе се реализираат од учебната 2023/2024 година. Исто така, Министерството работи на проширување на програмите за обуки на наставниците, во делот на професионалните компетенции за мировно образование.

 

Двајцата соговорници се согласија дека исклучително е важно децата од најрана возраст да стекнуваат вредности, знаења, ставови, вештини и однесувања кои ќе им помогнат да спречат појава на конфликти и, доколку се случат, да ги решаваат на мирен начин.

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar