Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Јавен повик за доставување барање за одобрување учебник по странски јазик на деветгодишно основно образование

Јавен повик за доставување барање за одобрување учебник по странски јазик на деветгодишно основно образование

 

Врз основа на член 13 од Законот за учебници за основно и средно образование  („Службен весник на Република Македонија“   бр.98/08, 99/09, 83/10, 36/11, 135/11, 46/12, 24/13, 120/13, 29/14, 146/15, 217/15, 30/16 и 21/18), а согласно Упатството за спроведување на постапката за давање одобрение за употреба на учебник по странски јазик во основно и средно образование бр.08-15422/1 од 21.12.2022 година,  Упатството за изменување на Упатството за спроведување на постапката за давање одобрение за употреба на учебник по странски јазик во основно и средно образование бр.08-3531/1 од 23.03.2023 година и Упатството за изменување на Упатството за спроведување на постапката за давање одобрение за употреба на учебник по странски јазик во основно и средно образование бр.08-3531/2 од 11.05.2023 година,  МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - Педагошка служба, објавува

 

ЈАВЕН ПОВИК
за  доставување барање за одобрување учебник по странски јазик на деветгодишно  основно образование

 

I. Предмет на јавниот повик:

Доставување  барање за одобрување учебник по странски јазик на деветгодишно основно образование за следните наставни предмети:

1.      Англиски јазик  (прв странски јазик) за  I одделение на деветгодишно основно образование,

2.      Англиски јазик  (прв странски јазик) за  II одделение на деветгодишно основно образование,

3.      Англиски јазик  (прв странски јазик) за III одделение на деветгодишно основно образование,

4.      Англиски јазик  (прв странски јазик) за IV одделение на деветгодишно основно образование,

5.      Англиски јазик (прв странски јазик) за V одделение на деветгодишно основно образование,

6.      Англиски јазик (прв странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,

7.      Англиски јазик (прв странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,

8.      Англиски јазик (прв странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,

9.      Англиски јазик (прв странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование,

10.   Италијански јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,

11.   Француски јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,

12.   Француски јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,

13.   Француски јазик (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,

14.   Француски јазик (втор странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование,

15.   Руски јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,

16.   Руски јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,

17.   Руски јазик (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,

18.   Руски јазик (втор странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование,

19.   Германски јазик (втор странски јазик) за VI одделение на деветгодишно основно образование,

20.   Германски јазик (втор странски јазик) за VII одделение на деветгодишно основно образование,

21.   Германски јазик (втор странски јазик) за VIII одделение на деветгодишно основно образование,

22.   Германски јазик (втор странски јазик) за IХ одделение на деветгодишно основно образование.

Барање за одобрување учебник по странски јазик може да поднесе домашен издавач, како и издавач од друга држава во која е регистриран за издавачка дејност, преку законски застапници во Република Северна Македонија.

 

II.Елементи на јавниот повик:

 

Кон барањето за одобрување учебник по странски јазик доставено по објавениот јавен повик, задолжително се приложува:


1. Потврда за регистрирана издавачка дејност од Централен регистар во Република Северна Македонија за домашниот издавач/законскиот застапник, не постар од три месеци од денот на издавањето;

2. Потврда за регистрирана издавачка дејност за странскиот издавач од овластен орган во државата во која е регистриран, не постар од три месеци од денот на издавањето, во оригинал или заверена копија на нотар со превод од овластен судски преведувач;

 

3. Овластување од странскиот издавач за законскиот застапник во Република Северна Македонија, не постаро од три месеци од денот на издавањето во оригинал или заверена копија на нотар со превод од овластен судски преведувач;

 

4. Договор или изјава од домашниот издавач/законскиот застапник во Република Северна Македонија дека одобрениот учебник ќе го дистрибуира во наредните 5 (пет) учебни години, во оригинал или заверена копија на нотар со превод од овластен судски преведувач;

 

5. Пет примероци од учебникот по странски јазик,  во печатена форма (во колор), без дополнителни работни материјали.

 

Секој заинтересиран издавач има право да поднесе барање за одобрување на еден учебник по странски јазик за секое соодветно одделение, издаден од странскиот издавач или домашниот издавач кој го застапува во Република Северна Македонија, и/или да поднесе барање за одобрување на еден учебник по странски јазик за секое соодветно одделение во сопствено издание.

 

Секој домашен издавач може да се јави како законски застапник во Република Северна Македонија на повеќе издавачи од други држави во кои се регистрирани за издавачка дејност.

 

Домашниот издавач кој е  законски застапник во Република Северна Македонија на повеќе издавачи од други држави во кои се регистрирани за издавачка дејност, има право да достави повеќе поединечни барања за одобрување за секое соодветно одделение, од секој издавач што го застапува пооделено и/или во сопствено издание, со по едно издание на учебникот за соодветното одделение за секој издавач.

 

III. Рок за доставување на барањата за одобрување учебник по странски јазик:

Рокот за доставување на барањата за одобрување учебник по странски јазик е заклучно со  26.05.2023 година.

Заинтересираните издавачи може да ги превземат наставните програми и Концепцијата за изработка на учебникот од веб страната на Бирото за развој на образованието www.bro.gov.mk.

Барањата за одобрување учебник по странски јазик доставени од домашните односно странските издавачи преку законските застапници во Република Северна Македонија, на Јавниот повик бр.26-633/1  објавен на ден 27.03.2023 година,  ќе бидат разгледувани под условите определени во овој Јавен повик. Домашните односно странските издавачи преку законските застапници во Република Северна Македонија, можат да го повлечат поднесеното барање со целокупната документација по објавениот  Јавен повик  бр.26-633/1 од 27.03.2023 година,  доколку сметаат дека барањето е некомплетно и треба да се дополни.

Ненавремено доставените барања нема да бидат разгледувани.

Барањата за одобрување учебник по странски јазик да се достават на следната адреса:

МИНИСТЕРСТВО ЗА ОБРАЗОВАНИЕ И НАУКА - ПЕДАГОШКА СЛУЖБА

ул. ,,Св.Кирил и Методиј“ бр.54, Скопје

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar