Министерство за образование и наука

  / Најави / Огласи / Известувања / Оглас за ангажирање лица во проектната единица за имплементација на проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија“

Оглас за ангажирање лица во проектната единица за имплементација на проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија“

 

 

Проектот „Изградба и опремување на 145 училишни спортски сали и рехабилитација на основни и средни училишта во Република Северна Македонија“, кој се реализира во рамките на Министерството за образование и наука, има за цел да обезбеди подобри услови за реализација на наставата, како и да го унапреди училишниот спорт, здравјето и здравите навики на учениците.  Проектот е финансиран со средства од Буџетот на Република Северна Македонија и Банката за развој при Советот на Европа.

Министерството за образование и наука има потреба од ангажирање на 1 (едно) лице во проектната единица за имплементација на проектот на следнива позиција:

-        Финансиски менаџер (1 лице)

 

Минималните критериуми кои треба да ги исполнува лицето на наведената позиција се следниве:

-           Финансиски менаџер (1 лице):

-           Високо образование – Економски факултет завршен VII/1 степен

-           Најмалку 10 (десет) години работно искуство во струката

-           Уверение за овластен сметководител

-           Искуство во работа со меѓународни проекти ќе се смета за предност

-           Ажурирано знаење на регулативата за финансиско известување, сметководствената и даночната регулатива во Република Северна Македонија, познавање на меѓународни сметковотствени стандарди.

-          Познавање на англиски јазик (пишан и говорен)

-          Работа со компјутери (MS Office)

-          Возачка дозвола Б категорија

 

 

 

Покрај наведените критериуми за секоја од позициите избраните кандидати треба да ги поседуваат следниве вештини:

-        Висок личен интегритет, деловен и професионален однос;

-        Комуникациски, организациски и аналитички вештини, ориентираност кон резултати, систематичност, способност за тимска работа;

 

Заинтересирани лица / кандидати потребно е да достават апликација кој содржи:

-        кратка биографија на македонски јазик (CV) и

-        писмо за изразување интерес на македонски јазик со назнака за која позиција аплицираат

 

Кратка биографија (CV) задолжително содржи податок за бројот на стекнати ЕКТС кредити за образованието или завршен степен на образование.

 

Нецелосните апликации, како и апликациите на лицата/кандидатите кои не ги исполнуваат минималните критериумиод овој оглас се одбиваат.

 

Апликациите треба да се достават најдоцна до 12.05.2023 година на е-mail vulnet.saliu@mon.gov.mk

 

Министерството за образование и наука го задржува правото на интервју со потенцијалните кандидати кои ги исполнуваат минималните критериуми.

 

 
Back to top
Close Offcanvas Sidebar