Активности во март на Твининг проектот „Понатамошна поддршка за имплементирање на Националната рамка на квалификации“ финансиран од ЕУ, MK IPA 17 SO 01 21

 

Успешната соработка во рамките на Твининг проектот продолжи и во март 2023 година и се демонстрираше преку реализацијата на пет активности и на шестиот состанок на Управниот одбор на проектот. Првиот ден од март беше резервиран за состанокот на Управниот одбор на проектот, каде што Министерот за образование и наука г. Јетон Шаќири, лидерите на проектот, постојаните твининг советници (ПТС), лидерите на компонентите, одговорните за мониторинг и другите важни чинители се осврнаа на напредокот на проектот во претходниот квартал. Членовите на Управниот одбор дискутираа за постигнатите резултати и дадоа согласност за содржината на следниот работен план.

 

Фотографии (горе и долу): Шести состанок на Управниот одбор во Клубот на пратеници

Поголемиот дел од активностите во март се реализираа во рамките на компонентата 2 наменета за обезбедување поддршка во понатамошната имплементација и зајакнати капацитети на Националната рамка на квалификации во согласност со рамката за обезбедување квалитет. Активноста 2.2.1 се организираше од 6 до 10 март 2023 г.  Г. Паулиус Балтокас и г-ѓа Одета Купетиене од Литванија беа поканети да изработат лесни упатства наменети за секакви корисници, за транспарентно вклучување на стандарди за квалификации/за занимање (на сите нивоа) во дигиталниот регистар на НРК. Целта на упатствата е да се опфатат процедурите за поднесување квалификации и стандарди, како и за нивна ревизија и вклучување во регистарот, а воедно и презентирање информации наменети за јавноста со различни цели, меѓу кои и за меѓународно признавање на националните квалификации. Двајцата експерти исто така одржаа и работилница за подигање на свеста наменета за релевантниот персонал, за вклучување на стандардите за квалификации/за занимање (на сите нивоа) во дигиталниот регистар на НРК, како и за презентирање информации на пошироката јавност.