Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Конкурс за заеднички научно-истражувачки проекти помеѓу Северна Македонија и Австрија за периодот 2023 – 2025 година

Конкурс за заеднички научно-истражувачки проекти помеѓу Северна Македонија и Австрија за периодот 2023 – 2025 година

 

Врз основа на член 3 од Спогодбата меѓу Владата на Република  Македонија и Владата на Република Австрија за научна и технолошка соработка од 1 ноември 2008 година, Министерството за образование и наука  распишува

 

КОНКУРС
за заеднички  научно-истражувачки проекти
помеѓу

 Северна Македонија и Австрија
за периодот  202
3 – 2025 година


Краен рок за по
днесување на предлози: 13 Јуни 2023 година- 12:00 часот

 

Право на конкурирање

Државните универзитети во нивните единици насочени кон наука  (научни институти) и  во единици насочени кон образование засновано на наука (факултети), јавните научни установи, мешовити научни установи, приватни високообразовни установи, приватни научни установи, самостојни  истражувачи и центри  на извонредност.

Услови за учество

-        Истражувачкиот тим на научно-истражувачкиот проект треба да е составен од главен истражувач, со научно односно наставно-научно звање кој е вработен во установата носител на проектот и најмалку уште еден истражувач со научно или наставно-научно звање, евидентирани во базите на податоци за научни истражувачи на Министерството за образование и наука, како и најмалку два млади истражувачи, од кои еден активен постдипломец или докторант.

-        Еден истражувач може да биде главен истражувач на само еден домашен и на само еден меѓународно научно-истражувачки проект финансирани или кофинансирани од страна на Министерството за образование и наука, и

-        други услови, согласно постојната законска регулатива

-        Само нови проект – партнерства може да бидат поддржани со оваа програма. (Апликантите на билатерални проекти кои веќе биле поддржани со оваа програма нема да бидат поддржани)

-        Страната испраќач ги покрива животните и патните трошоци на својот тим на истражувачи.

Научни области

Сите научни области

Времетраење на проектите

 Јануари 2024 до Декември  2025 година

Краен рок за поднесување

13.06. 2023 година – 12:00 часот

Начин на финансирање

Согласно проектната соработка

Поднесување на предлозите

Предлози за проекти од сите научни области се поднесуваат во два   примероци на пропишани обрасци од страна   на Министерството за образование и наука..

Обрасците за понесување на предлози за проекти се составен дел на овој Конкурс (www.mon.gov.mk). Подетални информации може да се добијат во Министерството на тел. (02)   3140 185 или на e-mail: andrea.aleksovski@mon.gov.mk

Kритериуми за оценување на предлозите

Предлози за проекти ќе се рецензираат од независни рецензенти врз основа на следните критериуми содржани во оценувачкиот лист за рецензенти.

 

·                 придонес во продлабочување и проширување на научните

    • знаења,

·                 оригиналност на целите и содржината на  истражувањето,

·                 компетентност на главниот  истражувач и предложениот

  • истражувачки тим,

·                 вклученост и оспособување на млади научно-истражувачки

    • кадри,

·                 релевантност и конкурентност на проектот за меѓународна

  • соработка, особено за истражувачките програми на ЕУ,

·                 релевантност за примена на резултатите во практиката,

·                 исполнетост на материјално технички и други

  • инфраструктурни услови за реализација на проектот,

·                 остварливост на резултатите во временска рамка, и

·                 реалност на финансиските средства потребни за реализација

  • на проектот.

 

 

Секој од наведените елементи на овој член за оценување независните рецензенти го вреднуваат со оценка од 1 до 5. Проектот е позитивно оценет доколку добил средна оценка најмалку 3,5.

Носителот на научно-истражувачкиот проект ќе биде известен за резултатите од конкурсот по состанокот на заедничката македонско – австриска комисија.

Предлозите се поднесуваат истовремено во двете земји на заедничкиот образец на англиски јазик.

Во дополнение, македонската страна до Министерството за образование и наука предлогот го поднесува и на обрасците ОБ-1-, Предлог пријава за финансирање на научно-истражувачки проект  и  

Application Form for Call for Proposals – EN

 

 

Поднесените предлози само во една земја нема да бидат разгледувани.

Завршен извештај

Завршниот извештај треба да се поднесе во рок од три месеци од датумот на завршувањето на проектот.

 

 

Адреса на институцијата во С. Македонија за поднесување на предлозите

 

Адреса на институцијата во Австрија за поднесување на предлозите

Министерство за образование и наука

Сектор за меѓународна соработка

 

Андреа Алексовски

Ул. „ Св. Кирил и Методиј “ бр. 54

1000 Скопје

Тел: (02)  3140 185

E-mail:    andrea.aleksovski@mon.gov.mk       

Website:   www.mon.gov.mk

OeAD - Austria`s Agency for Education and Internationalisation

Ms Isabella Scheibelreiter
Ebendorferstraße 7
A-1010 Vienna
Tel.
+43 (0)1/ 53408-472
Email:
wtz@oead.at

Website: www.oead.at/wtz

     

 

 

За  симнување:

 

 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar