Министерство за образование и наука

  / Вести и настани / Ќе се потпишуваат спогодби за ретроактивна исплата на зголемените износи на ученички и студентски стипендии

Ќе се потпишуваат спогодби за ретроактивна исплата на зголемените износи на ученички и студентски стипендии

 

Сите ученици и студенти кои оствариле право на стипендија пред учебната односно академската 2021/22 година и доставиле анекси кон нивните договор за изедначување на стипендијата, ќе можат да потпишат спогодба со Министерството за образование и наука за ретоактивна исплата на разликата до зголемената стипендија за академската 2021/22 и за дел од 2022/23 година.

Износот на разликата за студентите ќе се надомести преку две исплати, односно еден дел ќе им биде префрлен на трансакциските сметки во октомври 2023 година, а вториот дел во февруари 2024 година. Додека за учениците износот на разликата до зголемените стипендии ќе се исплати во октомври 2023 година.

Напоменуваме спогодбите ќе можат да ги потпишат само ние ученици, односно студенти кои доставија анекси на договорите за стипендија до Министерството за образование и наука во предвидениот рок. 

 

Вести и настани

Back to top
Close Offcanvas Sidebar