Министерство за образование и наука

  / Стипендии / Стипендии за летна школа по словачки јазик и култура

Стипендии за летна школа по словачки јазик и култура

 

 

Амбасадата на Република Словачка во Скопје известува за јавен повик за доделување на стипендии за учество на 59-та Летна школа по словачки јазик и култура, што ќе се одржи во периодот од 30 јули до 19 август 2023 година со физичко присуство на Филозофскиот факултет при Универзитетот “Коменски“ во Братислава (Faculty of Philosophy, Comenius University in Bratislava) и од 31 јули до 12 август 2023 година со онлине присуство.

Повеќе информации можат да се најдат на веб страницата:

https://slovak.minedu.sk/sk/

Апликациите можат да се поднесат најдоцна до 26 мај 2023 година, при што истите мора да имаат соодветен код обезбеден од страна на Амбасадата на Република Словачка во Скопје.

 

 

Стипендии

Back to top
Close Offcanvas Sidebar